НАЈТЕШКИОТ ТЕСТ ОД СИТЕ - РЕАЛЕН ЖИВОТ

Како првиот вистински тест на автономни возила ќе работи

Го тестираме градот

За да се осигуриме дека нашата автономна технологија е оптимизирана за вистински сообраќај одбравме некои од најпопуларните патишта во Гетеборг за пробата на Drive Me. Тие се совршени за безбедно пробно возење во предградие, со просечна брзина од 70 км/ч, без пешаци и со многу простор помеѓу лентите.

Преземете контрола со автопилотот IntelliSafe

Како и кај секоја иновација на Volvo Cars, автопилотот IntelliSafe се употребува интуитивно. Дознајте колку лесно ќе биде да се избере помеѓу конвенционалното и автономното возење благодарение на Sensus, нашиот паметен начин да ве поврземе со вашиот автомобил и со светот.


Учење преку искуство

Со излегување на новата технологија од лабораторијата во реалниот свет, ќе најдеме решенија за прашањата кои бараат одговор.

Градење на доверба

Да му дозволите на Вашиот автомобил да ве вози, бара целосна доверба во технологијата. Ќе бара доверба во автомобилот – доверба дека знае каде оди и дека сте безбедни. Ние знаеме дека технологија работи, но нашите клиенти, исто така, мора да веруваат во тоа. Drive Me ќе ни покаже како може да го постигнеме ова.

Истражување на интеракцијата

Мора да разбереме како возачите реагираат и комуницираат со автономните автомобили за да овозможиме да работи автономната технологија и Drive Me ќе ни помогне да успееме во тоа. Преку испробување на технологијата која ќе резултира во IntelliSafe Автопилотот на јавни патишта, ќе можеме да откриеме што се случува кога ќе се сретнат двете.

Зошто работиме заедно

Автономните автомобили бараат патишта кои ќе ги поддржат и инфраструктура во која ќе можат да функционираат. Со помош на нашите партнери од Drive Me проектот, ќе научиме како да го смениме физичкиот и виртуелниот свет за ја подобриме иднината на личниот транспорт.

Во автомобилите Drive Me

Возниот парк Drive Me ќе се состои од XC90 опремени со нашпата најнова самовозечка технологија - овие автомобили се најнапредните и наинтелигентните досега.