Како работи

Автономни автомобили на работа

Технологијата позади идните автономни автомобили на Volvo ни носи нова ера во патувањето. Само размислете за тоа колку ќе биде полесно и поедноставно патување со побезбедни и помалку оптеретени патишта. Вашето Volvo ќе знае точно каде е и што има пред него, со што ќе Ви овозможи да ја препуштите контролата над возењето

Камера

Четири камери препознаваат различни видови на објекти, откриваат опасност и ги следат ознаките на патот. Трифокалната камера на врвот на ветробранското стакло помага во препознавање на пешаци или било какви учесници во сообраќајот кои се појавуваат ненадејно

Радар

Автомобилот има четири радар предаватели кои даваат детален поглед од 360 степени на околината. Двата предаватели поставени на задницата на автомобилот, Ви помагаат при престројување со детектирање на возила кои се приближуваат одзади.

Сензори

Сензорите помагаат во препознавање на објекти кои се движат со мала брзина. 12 ултразвучни сензори на надворешноста на автомобилот помагаат во препознавање на објекти и опасност на патот, без разлика дали станува збор за пешаци или одронување.

Ласер

Уникатен скенер со повеќе зраковен ласер на предницата на автомобилот дава исклучителен поглед. Со можност за скенирање во растојание од 150 метри, овој ласерски скенер може да направи разлика помеѓу различни објекти и да предупреди за потенцијални опасности.

3D мапа

Детална 3D дигитална мапа и GPS со високи перформанси работат заедно со што автомобилот Ви кажува точно каде сте и што има околу Вас. Ова му овозможува на автомобилот да ја пронајде најбрзата и најефикасна рута.

Трифокална камера

Трифокална камера на врвот на ветробранското стакло покрива широк простор и голем спектар на растојанија, со што му помага на автомобилот во препознавање на пешаци или било какви учесници во сообраќајот кои се појавуваат ненадејно.

Побезбедно, попријатно патување

Развиваме автономна технологија која им овозможува на нашите автомобили да возат малклу сами, и да размислуваат наместо вас.

Побезбедно, попријатно патување

Развиваме автономна технологија која им овозможува на нашите автомобили да возат малклу сами, и да размислуваат наместо вас.

 

Нашата визија за 2020 е во согласност со побезбедно и поодржливо патување

Во Volvo Cars не прифаќаме да умираат 1,3 милиони луѓе годишно во светот во сообраќајни несреќи. Vision 2020 е наш начин да обезбедиме поодржлив личен транспорт. Тоа е клучниот елемент во нашиот план за одржливоста кој дава преглед на тоа како нашата компанија ги штити луѓето и светот околу нас, сега и во иднина.
Автономните автомобили ќе ги искорени човечките грешки, правејќи го возењето побезбедно за сите. Самовозечките автомобили ќе ги почитуваат сообраќајните закони и нема да постои можност за нерационално, емотивно однесување зад воланот. Потенцијалот за избегнување судири и спасување животи е огромен.

Кус поглед во иднината на возењето

Во Volvo веруваме дека автономното возење ќе им озвозможи на возачите да одберат како ќе го минат секој момент во автомобилот. За тоа се работи во Концептот 26 на Volvo Cars.

Прочитај повеќе