" "

Vision 2020

„Наша визија е до 2020 никој да не гине или да биде сериозно повреден во нов автомобил на Volvo“.

Хакан Самуелсон, Претседател и извршен директор, Volvo Cars

Се стремиме кон нула

Vision 2020 се стреми кон тоа да го намали бројот на луѓе кои гинат или сериозно се повредуваат во сообраќајки на нула. Сржта на филозофијата на Volvo Cars е заштитата и грижата за луѓето и посветени сме на спасувањето животи.

Read more

Клучот е во знаењето

Со постојано учење и иновации, имаме за цел да ставиме крај на смртните случаи и сериозните повреди на патиштата. Нашите методи се единствени и далекосежни, комбинираат исцрпно истражување, компјутерски симулации и илјадници тестирања со податоци од вистински судири за да бидеме лидери во безбедноста.

Read more

Технологија која спасува животи

Пронајдовме некои од најважните иновации во историјата на автомобилската безбедност - вклучувајќи го и безбедносниот појас со три подесувања - спасувајќи над милион животи. А следува уште. Нашите автомобили се опремени со напредни можности кои ќе ни помогнат да дојдеме до Vision 2020. Непрекинато работиме на технологијата за да ги направим уште побезбедни возила во иднина.

Read more