Iker Martínez

РАЗБИРАЊЕ НА НЕУСПЕХОТ

Одење на големо водство и двоумење не е неуспех за поранешниот Телефоника тимски скипер Iker Martínez. Тоа е мотив за следната голема трка.

Со месеци беа на врвот и тоа исчезна за неколку часа откако се скршија двете кормила. Но лекцијата за пробивање низ предизвиците и учењето од грешките повторно го качија Мартинес на врвот во 2014-15.

Икер Мартинес ја сфаќа потребата од неуспех. Тој го искуси од прва рака, и тоа на голема сцена. Неговиот тим Телефоника водеше со недели во Volvo Ocean Race 2011-12, благодарение на убедливите победи во првите три фази. Територијата му беше позната на Мартинес. Тој и неговиот тимски другар Хавиер Фернандес све двојни добитници на олимписки медал и победија на повеќе светски шампионати.

Но тимот Групама ја претвори трката во битка. Групама заостануваше за седум поени кога флотата исплови на Атлантскиот Океан. Останаа само три пристаништа на патувањето околу светот.

Iker Martínez - поранешен бродар, тим Telefónica

„Мислевме дека ова е нашата шанса и ја искористивме. Разбираме што се случува. Не е ничија вина. Не е вина на нешто големо што ние го направивме. Тоа беше само трка – Volvo Ocean Race. Тоа е спорт.“

Набргу, во фазата 8 од Лисабон до Лоријан, Франција, северноатлантската бура крена силни ветрови. Телефоника патуваше со рекордна брзина, соборувајќи го рекордот во брзина таа година, изминувајќи 1.045 за 24 часаhours.

Телефоника запре. 

Откако се скршија кормилата, екипажот ја изгуби контролата. Го кренаа скршеното кормило и еден член на екипажот го намести резервното. Телефоника се врати во трката. Но повторно се случи катастрофа

&„Кога решивме да го смениме курсот кон Лоријан, повторно го скршивме кормилото на истата страна“, рече Мартинес. „Ја изгубивме контролата и имавме компликувана ситуација“.

Телефоника беше принудена да забави, пловејќи со едно здраво кормило и едно оштетено. На крајот тимот беше четврт. Но тоа искуство ги одреди гледиштата на тимските пријатели Мартинес и Фернандес, мотивирајќи ги повторно да тежнеат кон победата на MAPFRE во 2014-15.

&„Научивме дека треба да се настојува“, вели Мартинес. „Секогаш ќе гледате подобри нешта кај другите тимови. Секогаш ќе гледате нешта кои би ги направиле поинаку. Но ако сте упорни, ќе си ја најдете шансата“. rdquo; 

&„Настојувавме колку што можеме и се скршивме“, рече Мартинес. „Тоа е трката Volvo Ocean Race. Тоа е авантура“.

Повеќе за трката

Специјално издание

Нашето признание за трката – со уникатни дизајн елементи направени да го отелотворат духот на човечкиот предизвик.

Следете ја трката во живо

Погледнете ја мапата, видете каде се наоѓаат, како се справуваат и што е ново.