" "

НОВОТО VOLVO XC60

Ви го претставуваме новото Volvo XC60, еволутивното динамично Шведско SUV. Таму каде храбриот дизајн се среќава со преубавиот ентериер. Таму каде технологијата е природна. Таму каде секое возење е задоволство.

Ви го претставуваме новото Volvo XC60, еволутивното динамично Шведско SUV. Таму каде храбриот дизајн се среќава со преубавиот ентериер. Таму каде технологијата е природна. Таму каде секое возење е задоволство.

ЕКСТЕРИЕР

ВО КОМАНДА

Заповедувачко присуство, Шведски талент. Volvo XC60 e SUV со уникатен скандинавски став.

Volvo

Сила и стил

Volvo XC60 ја комбинира грациозноста со моќ. Долга хауба, дефинирани полумесечини на тркалата и кратките надвиснувања создаваат чувство на рафинирана сила.

Volvo

Друг поглед кон патот

Нашите претпознатливи Т-обликувани LED светла го дефинираат Volvo XC60 и му даваат цврст идентитет. Активните долги светла Ви овозможуваат секогаш да го добиете најдобриот поглед, без притоа да им сметате на другите учесници во сообраќајот.

Volvo

Завршен допир

Додадете му на Вашето Volvo XC60 уникатна вредност со изборот на прецизно изработените тркала од нашиот асортиман со кои од темел ќе го прилагодите Вашиот автомобил себе си.

ИНТЕРИЕР

ПРИРОДНА УБАВИНА

Светло, простор и технологија - уживајте во Шведскиот луксуз со секое возење.

Volvo

Изработено со нега

Изработено од природни, луксузни материјали, Volvo XC60 е симбол на модерниот скандинавски дизајн. Комбинацијата на дрво, метал и преубави детали го претвара секое патување во уживање.

Volvo

Технологија со човечки допир

Интеракцијата со Вашето Volvo XC60 е друга природа. Централниот дисплеј на допир е дизајниран да биде интуитивен и природен за користење. Навигацијата и забавата се само на еден допир или гласовна команда од Вас.

Volvo

Направен за слушање музика

Слушајте музика онака како што артистот ја замислил со Bowers & Wilkins audio. Уживајте во извонредно искуство со кристално јасен звук.

ТЕХНОЛОГИЈА

ЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ

Нашата технологија Ви помага и Ви го олеснува животот. А нема ни да знаете дека постои.

Volvo

Секогаш под контрола

Нашата воздушна суспензија овозможува совршен баланс помеѓу удобноста и управувањето. Ви овозможува непречено возење без оглед на површината и му помага на автомобилот да го одржува нивото, за секогаш да бидете во контрола.

Volvo

Ваш чувар

Помагајќи Ви да управувате со Вашето Volvo XC60 на сигурен начин, нашата најнова безбедносна технологија може да Ви помогне да избегнете судир. На повисоки брзини, технологијата Ви помага така што го намалува стресот при возењето обезбедувајќи нежни управувачки инпути и Ве задржува во сообраќајната лента.

Volvo

Ваша дестинација

Едноставно пронајдете ја својата дестинација со Sensus Navigation. Хоризонталниот формат покажува поголем дел од патот за да не мора да листате. Услугите за дестинација отвараат нов свет полн со информации на дофат на Вашата рака.

Volvo

Систем за отварање на багажникот без раце

Отворете и затворете го багажникот на Вашето Volvo XC60 со мафтање со ногата под задниот браник. Така, кога Ви се полни рацете, не морате да ги оставате работите на земја за да ги внесете во автомобилот.

Volvo

Моќ без компромис

Новото Volvo XC60 доаѓа со T8 Twin Engine мотор, хибрид кој нуди перформанси, ефикасност и ниска емисија без компромис. Ова е интелигентниот пристап кон моќ на Volvo Cars.

Volvo

Едноставна сопственост

Контролирајте го Volvo XC60 преку Вашиот мобилен уред со Volvo On Call каде и да сте. Проверете го нивото на гориво, отклучете и заклучете го автомобилот и однапред загрејте или оладете ја кабината. Ова е едноставен начин да бидете во контрола.

Volvo Volvo
Volvo Volvo
Volvo Volvo

Продолжете со патувањето

Дозволете ни да Ви помогнеме да го креирате Вашето совршено Volvo XC60, или контактирајте не и ние ќе ви понудиме одговор на Вашите прашања.