ОДИ ПО СВОЈОТ ЛИЧЕН ПАТ

Со новиот S60 Cross Country, можете да го следите вашето чувство на авантура - каде и да ве одведе.

Направете го свој

Додавањето осветлени таблички или ексклузивни тркала Volvo на вашиот S60 Cross Country му даваат единствено чувство за стил и го зголемуваат авантуристичкиот дух на веќе сигурното и вешто возење.

Осветлени предни плочки на степеник, напред

Влегувајте и излегувајте од Вашиот S60 Cross Country со стил со праговите од нерѓосувачки челик кои се надополнети со LED осветлување. Кога предните врати се отворени, праговите се осветлуваат заедно со останото осветлување.

Комплетни тркала, Artio 8 x 19"

19" Artio Diamond Cut/Matte Tech Black тркалата се дизајнирани за да се усогласат со Вашиот автомобил. Секое тркало е тестирано за издржливост и за тоа како реагира на различни временски услови. BOR тркалата се испорачуваат со гуми, бандажи и раткапни.

Комплетни тркала, Bor 8 x 19"

19” Bor Diamond Cut/Matte Black тркалата се дизајнирани за да се усогласат со Вашиот автомобил. Секое тркало е тестирано за издржливост и за тоа како реагира на различни временски услови. BOR тркалата се испорачуваат со гуми, бандажи и раткапни.

Багаж и товар

Нашиот пакет со паметни решенија е уникатно дизајниран за да се вклопи со Вашиот S60 Cross Country. Сега можете да земете се што ви е потребно за вашето возење, сигурно, безбедно и со стил.

Кука за влечење на расклопување

Оваа монтажна кука за влечење е уникатно дизајнирана за S60 Cross Country. Лесна за монтирање кога ви е потребна и лесна за отстранување е комплетно тестирана за да ги исполни високите критериуми на VOLVO кои се однесуваат на безбедноста и перфомансите. Кога не ви е потребна можете да ја прикриете со покривка во боја со вашиот автомобил.

Носачи на товар

Нашите алуминиумски кровни носачи се специјално дизајнирани за транспорт на товар безбедно и сигурно без да се загрозат перфомансите на автомобилот. Лесни за монтирање, нашите кровни носачи имаат T-жлебови за инсталирање на држачи за велосипеди или кровни кутии.

Подлога во товарен дел, пластична

Оваа заштитна пластична подлога е специјално дизајнирана за да ја собере во багажникот на S60 Cross Country. Антилизгавиот материјал спречува лизгање на товарот при возењето додека високите рабови спречуваат валкање и истекување на вода во багажникот.

Кука за влечење со држач за велосипед

Овој практичен држач за велосипеди е дизајниран за пренесување на два велосипеди безбедно и сигурно. Се одликува со уникатна функција двојно заклучување на велосипедите а потоа се прицврстува држачот за автомобилот.

Технологија и звук

За да бидеме сигурни дека возачите ќе се забавуваат, ќе бидат информирани и во контрола имаме галантерија на додатоци во која има додаток за секого.

Sensus Навигација

Sensus Навигација ви овозможува беспрекорно да се поврзете со вашиот дигитален свет, лесен за употреба без да ви го одвлече вниманието од патот. Наоѓањето на вистинскиот пат сега е полесно од било кога.

Забава на задното седиште

Rear Seat Entertainment е целосно интегриран мултимедијален систем за патниците на задните седишта. Управува со помош на touch screen, има два DVD плеери, два LCD екрани и безжични слушалки.

Камера за паркинг, напред

Се зголемува предното видно поле за 45° лево и десно. Ова продолжено видно поле ви овозможува да имате поголема прегледност и претставува одлично надополнување на ретровизорите кога видливоста е намалена.

Безбедност за деца

Нашите детски седишта се дизајнирани да го направат патувањето со автомобил посигурно и попријатно за Вашите деца. И да Ви го олеснат животот.

Детско седиште, седиште за бебиња

Дизајнирани да обезбедат удобност и заштита на деца од 0-1 година, или кои тежат отприлика 0-13 килограми, нашите седишта насочени кон назад нудат длабоко седло, луксузен тапацир и високи странични панели. Големата рачка за носење лесно се прилагодува со една рака и потпирачот за глава може да се измени од напред.

Детски седишта, свртени наназад

Со поголем простор за нозе, опции за навалување и нов луксузен тапацир, нашите детски седишта насочени кон назад овозможуваат оптимална удобност и безбедност за деца од 9 месеци до 6 години или кои тежат 9-25 килограми. Компактниот дизајн и малата тежина овозможуваат лесна инсталација, прилагодување и отстранување.

Седиште за деца со поткревач

Нашето седиште со поткревач ги запознава децата од 4-10 години со седењето свртени нанапред. Обложениот потпирач за глава, високите странични панели и заштитата за рамења осигуруваат безбедно патување, додека новиот луксузен волнен тапацир гарантира удобно патување.

Детско седиште, перниче за поткревање/ потпора, волна

Дизајнирано за деца од 4-10 години, нашето перниче за поткревање со потпора овозможува безбедносниот појас секогаш правилно да лежи за да обезбеди исто ниво на сигурност на детето на било која возраст, додека новиот луксузен волнен тапацир овозможува безбедност. Потпората има пет подесувања на висината и може да се приспособи во позиција за спиење.

Оптимизација на перформансите на Polestar

Drive-E е најнапредниот систем за пропулзија на Volvo досега. Како резултат на тоа, инженерите на Polestar се фокусираа на пет критични перформанси при градењето на новата генерација оптимизации на Polestar. Со холистичен пристап извршија надградба на софтверот за моторот и менувачот. Заедно, тие нудат побрзо, попрецизно и интуитивно искуство.
НАЈДИ ОПТИМИЗАЦИЈА ЗА ВАШЕТО VOLVO

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.