Volvo S90 Inscription

Елегантно патување редефинирано

Со неговото внимание за детали, S90 Inscription зборува за уникатниот шведски вкус за рафинираност.

Модерен Шведски луксуз

Ексклузивност и елеганција

Го создадовме ексклузивното S90 Inscription за да ги задоволиме Вашите највисоки очекувања од шведскиот луксуз. Секој детал е внимателно избран за да Ви даде на Вас и Вашите патници софистицирано и наградувачко искуство. Познатиот надворешен дизајн го подобрува извонредниот изглед и чувство на S90, додека прецизно стокмената внатрешност создава елегантна средина за релаксирано возење.

Фини детали

Inscription е олицетворение на модерниот шведски луксуз со хромирани детали кои го издигаат изгледот на автомобилот на повисоко ниво и двојните интегрирани издувни цевки кои го прават моќен задниот дел од автомобилот. Внатре, Comfort седиштата се тапацирани во Nappa кожа и предните седишта се електрични. Исто така, добивате 12-инчен дисплеј за возачот и Linear Walnut декор. Навечер, внатрешното осветлување ја осветлува секоја контрола и простор за складирање, а четирите режими на возење Ви овозможуваат да го прилагодите Вашето возење.

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.