Volvo S90 R-Design

Одново откријте возење

Автомобил со перформанси кој ќе Ве поврзе со патот.

Управувано. Со цел

Со својот уникатен стил S90 R-Design го прави своето присуство почувствувано во моментот кога ќе го погледнете. Сјајните црни R-Design горни и долни решетки и вметоци во браникот, 21-инчни алуминиумски тркала и интегрирани издувни цевки создаваат автомобил кој се издвојува. Во внатрешноста, R-Design контурните седишта, вградениот декор од јаглеродни влакна и црниот кровен тапацир создаваат фокусирано расположение со цел. Тоа е покана да влезете и да возите, секој ден.

Прецизна контрола

Ве става на возачкото седиште

Одговарајќи на елеганцијата на S90 со спортскиот дух на R-Design, ова е седан кој комбинира прецизност со контрола и Ве задоволува. Укрутената суспензија, спуштената висина при возење и рафинираното управување кај спортското подвозје ги создаваат остриот одзив и брзите реакции кои ги барате кај спортски автомобил. R-Design контурните седишта и шевови ја прават кабината одраз на надворешноста, така што секогаш знаете дека возите нешто посебно.

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.