Широкоаголна слика од левата страна на Volvo S90 паркиран во голема бетонска конструкција.

Очекувајте повеќе. Прифатете ги новините и контролирајте го патувањето. Запознајте го нашиот луксузен седан со вграден Google.

Широкоаголна слика од левата страна и делумен приказ на предната страна на Volvo S90 паркиран во голема бетонска конструкција.
Близок кадар од предниот фар на Volvo S90.
Близок кадар од звучник од Bowers & Wilkins во внатрешноста на Volvo S90.
Намалени издувни гасови

Нашите благи хибриди ја враќаат енергијата што се создава при сопирањето и ја складираат во батерија од 48V. Кога се користи оваа енергија, се намалуваат и потрошувачката на гориво и издувните гасови.

Префинета мобилност

Мекиот хибрид S90 е дизајниран да нуди неосетно поаѓање и префинето забрзување, правејќи ги попрефинети патувањата и во град, и на автопат.

Заштеда на гориво

Секоја капка заштедено гориво помага – а со нашите благи хибриди, уживате во помала потрошувачка на гориво без компромиси во перформансите.

Прочистувач на воздухот
Вграден Google
Аудио систем Bowers & Wilkins
Информативен систем за мртов агол
Камера во 360°
Технологија за помош на возачот

Што сакате да знаете за S90 седанот?

Кои апликации и услуги на Google се вградени во S90?

Во S90 се вградени „Карти на Google“, Google Assistant и Google Play.

Дали Volvo S90 има Apple CarPlay?

Да, Apple CarPlay е стандарден на S90.*

* Apple CarPlay може да се користи само во комбинација iPhone 5 или понова верзија. Apple CarPlay и iPhone се трговски марки на Apple Inc.

Дали дигиталните услуги се претплата?

Да, вклучен е пристап до услугите со времетраење од најмногу четири години. По тој период може да купите продолжување на претплатата ако сакате да продолжите да ги користите сите вклучени услуги.

Кога започнува претплатата на дигиталните услуги и колку трае?

Претплатата трае до четири години. Ако автомобилот е нов, овој период започнува на датумот на испорака од страна на продавачот. Претплатата е поврзана со автомобилот, па во случај да се продаде, целото преостанато време од претплатата се префрла на следниот сопственик/корисник.

Дали е вклучен целиот сообраќај на податоци за активирање на пакетот со дигитални услуги?

Не. За да пристапите до овие услуги, ќе мора да се поврзете со сопствен уред преку Bluetooth и да го искористите својот личен тарифен пакет.

Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите нивоа на опрема и опции за погонот.

Google, Google Play и „Карти на Google“ се заштитени трговски марки на Google LLC.