Volvo S90 Excellence паркирано пред модерна зграда

ЛУКСУЗ НА СЛЕДНОТО НИВО

Volvo S90 Excellence

Искусете богатство од прва класа во комбинација со елегантен скандинавски луксуз. Ова е S90 Excellence.

Преден поглед на Volvo S90 Excellence на бела позадина

Навлезете во првата класа

S90 Excellence Ве охрабрува да уживате во атмосфера на луксузна изолација - идеално кога сакате да работите или сакате да се опуштите. Две поединечно прилагодливи извајани задни седишта кои се загреваат, ладат и со функција на вградената масажа се комбинираат со декорација на Linear Walnut, перфориран кожен тапацир и рачки покриени со кожа. Посебните 20-инчни тркала обезбедуваат допир на екстра визуелна сјајност, додека хибридниот T8 Twin Engine plug-in нуди луксуз на речиси нечуен електричен погон.

Excellence нивото на опременост во детали

Погледнете ги спецификациите
Лизгачки и навалувачки седишта со вградена масажа и вентилација и придвижувани перничиња на задните седишта во Volvo S90 Excellence
Индивидуална удобност

Лизгачки и навалувачки способности, вградената масажа и вентилација, и придвижуваните перничиња ги одведоа задните седишта на врвот на удобноста.

Volvo S90 Excellence ниво на опременост
Луксузно како дома

Пар ексклузивни Orrefors кристални чаши со осветлени држачи и вграден ладилник за пијалаци го доловуваат чувството на приватна дневна во Вашето S90.

Тивката внатрешност на Volvo S90 Excellence
Луксузна тишина

Доживејте вистински спокој, со дополнителна звучна изолација и гуми специјално дизајнирани за доведување на бучавата на патот на минимум.

Истражете други нивоа на опременост

Volvo S90 Excellence ниво на опременост
S90 Excellence

Првокласен комфор и луксуз.

Volvo S90 Inscription ниво на опременост
S90 Inscription

Софистициран Шведски луксуз.

Volvo S90 R-Design ниво на опременост
S90 R-Design

Елегантно возачко искуство.