
МОДЕРЕН ЛУКСУЗ
Volvo XC60 Inscription
"Ексклузивен дизајн и материјали, скандинавски стил. Откријте префинет модерен луксуз од Шведска."

Искусете модерен луксуз
XC60 Inscription е модерна, скандинавска експресија на луксуз. Ексклузивните надворешни елементи вклучуваат дополнителни хромирани елементи, уникатна предна маска, специјални алуминиумски тркала и интегрирани издуви со обоени вметоци во задниот одбојник. Во внатрешноста, мек кожен тапацир со внимателно одбрани детали создаваат луксузен амбиент. Напредната, интуитивна технологија Ви помага да останете поврзани и забавувани на пат.
Inscription нивото на опременост во детали
Погледнете ги спецификациите
Хромирани нагласоци
XC60 Inscription се одликува со ексклузивни хромирани детали во предната решетка, долните странични решетки и страничните прозорци.

Driftwood декор
Driftwood декор – уникатна преработка на дрвото под влијание на нашето шведско наследство – го зајакнува чувството на луксуз во новото XC60 Inscription.

Кожен тапацир
Раскошна кожа ги прекрива седиштата, панелите на вратите и потпирачот за раце. Истата боја на кожа се користи и за далечинскиот клуч од автомобилот.

Разгледајте други XC60 нивоа на опременост

XC60 Inscription
Прогресивен модерен луксуз, од Шведска.