Направи го свое

Разгледај ги нашите популарни опции подоле или консултирај се со својот дилер за целата линија на завршни додатоци..

Надворешен стајлинг

За да му додаде на вашиот автомобил поуникатен изглед VOLVO ги разви Exterior Styling додатоците кои го зајакнуваат авантуристчкиот дух на VOLVO.

Странични прагови на вратите

Алуминиумските долни прагови му даваат подобар изглед на Volvo V40 Cross Country надополнувајќи се на другите додатоци на V40 Cross Country.

Задна заштитна плоча

Оваа украсна плоча под задниот браник со хромирани завршетоци му додава поубав стил на вашиот VOLVO.

Заден декоративен тапацир

Овој стилски и цврсто изграден сив hued trim не само што ги надополнува останатите елементи на Exterior Styling Kit туку и го заштитува задниот браник при товар и истовар.

Atria 7.5x19" алуминиумски фелни "

Премиум бандажите додаваат елегантен, спортски финиш на Вашиот V40 Cross Country. Достапни во сјајна и мат црна боја.

Tech & Sound

Користете ја навигацијата со стил и леснотија или користете помош при паркирање. Со нашите Tech & Sound додатоци можете да искусите добра забава а воедно и безбедност.

Park Assist помошник

Дозволете Вашиот автомобил да се паркира сам. Со притискање на едно копче, системот започнува да го скенира паркинг местото со ултразвук и Ви дава информација дали е соодветен просторот за паркирање. Откако ќе го позиционирате Вашето возило, се што останува на Вас е да ја контролирате брзината на движење додека Park Assist Pilot превзема контрола врз управувачот додека не сте совршено паркирани.

Задна Park Assist камера

Возењето рикверц (наназад) во тесен пракинг простор може да биде стресно. Зарем не би било добро да се имаат очи на задниот дел од вашиот автомобил? Вашиот VOLVO Ви ја овозможува оваа супермоќ со камера поставена на задната врата која драматично го зголемува Вашето видно поле.

Sensus навигација

Конектирајте се со нашата Cloudbased апликација кои ќе ви помогнат да стигнете до вашата точка на интерес или пак слободно паркинг место. Селектирајте ја вашата дестинација со гласовна команда или пак користејќи го вашиот мобилен телефон. Вклучени се надоградувања на мапа.

Пакување и товар

Практично или добар изглед, зошто компромис? Со овој пакет на додатоци можете да ги добиете двете и притоа да го олесните вашето секојдневие. За да го задржите добриот изглед на вашето VOLVO, некои од додатоците можат да бидат во боја за да се вклопуваат со бојата на вашиот автомобил.

Отстранлива кука за влечење

Оваа издржлива и разнпвидна кука за влечење е специјално дизајнирана за Вашето VOLVO . Лесна за монтирање, се отстранува брзо и едноставно кога немате потреба од неа, дополнително, за да го задржите добриот изглед на Вашиот Volvo има капак за покривање во боја.

Кровни носачи

Опремени директно на кровните носачи овие алуминиумски превозници овозможуваат лесно превезување на товар. Додадете држач за скии или друг Volvo товарен додаток и сте подготвени да тргнете.

Заштитна решетка

Во случај на нагло сопирање безбедносната решетка ги заштитува патниците во автомобилот од тежок удар.

Организер за товар

Овој организатор ви овозможува да ги задржите вашите предмети добро организирани во багажникот. Благодарение на три подвижни алуминиумски прегради можете да создадете простор за складирање според вашите потреби додека самата прекривка е дизајнирана да издржи голем товар. Достапна е за двете нивоа на багажникот.

Безбедност за деца

Нашите детски седишта се дизајнирани да го направат патувањето со автомобил посигурно и попријатно за Вашите деца. И да Ви го олеснат животот.

Детско седиште, седиште за бебиња

Дизајнирани да обезбедат удобност и заштита на деца од 0-1 година, или кои тежат отприлика 0-13 килограми, нашите седишта насочени кон назад нудат длабоко седло, луксузен тапацир и високи странични панели. Големата рачка за носење лесно се прилагодува со една рака и потпирачот за глава може да се измени од напред.

Детски седишта, свртени наназад

Со поголем простор за нозе, опции за навалување и нов луксузен тапацир, нашите детски седишта насочени кон назад овозможуваат оптимална удобност и безбедност за деца од 9 месеци до 6 години или кои тежат 9-25 килограми. Компактниот дизајн и малата тежина овозможуваат лесна инсталација, прилагодување и отстранување.

Седиште за деца со поткревач

Нашето седиште со поткревач ги запознава децата од 4-10 години со седењето свртени нанапред. Обложениот потпирач за глава, високите странични панели и заштитата за рамења осигуруваат безбедно патување, додека новиот луксузен волнен тапацир гарантира удобно патување.

Детско седиште, перниче за поткревање/ потпора, волна

Дизајнирано за деца од 4-10 години, нашето перниче за поткревање со потпора овозможува безбедносниот појас секогаш правилно да лежи за да обезбеди исто ниво на сигурност на детето на било која возраст, додека новиот луксузен волнен тапацир овозможува безбедност. Потпората има пет подесувања на висината и може да се приспособи во позиција за спиење.

Оптимизација на перформансите на Polestar

Drive-E е најнапредниот систем за пропулзија на Volvo досега. Како резултат на тоа, инженерите на Polestar се фокусираа на пет критични перформанси при градењето на новата генерација оптимизации на Polestar. Со холистичен пристап извршија надградба на софтверот за моторот и менувачот. Заедно, тие нудат побрзо, попрецизно и интуитивно искуство.
FIND AN OPTIMISATION FOR YOUR VOLVO

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.