Volvo V40 Cross Country

За градско и подалечно возење

Цврст изглед, цврста градба, зголемена висина на возење. Хечбек за секојдневна авантура.

Урбан истражувач

Подготвен за авантура

Volvo V40 Cross Country е за луѓе кои живеат во град, но секогаш се подготвени за авантура. Новите предни светла со T-облик и новите динамични тркала го потенцираат неговиот индивидуализам. Ова е крут хечбек кој го комбинира скандинавскиот стил со карактерот на истражувач. Неговата висина на возење е добредојдена низ град, како и на нерамни патишта, а неговата агилност ја зголемува забавата на секоја експедиција, каде и да Ве однесе.
 

AWD

Нашата AWD технологија со Instant TractionTM Ви дава предност со зголемување на стабилноста и влечната сила - на сите патни и временски услови. Како што се менуваат условите, тркалата со најдобра тракција добиваат највеќе моќ за да се оптимизира возењето.