Volvo V40 Inscription

Висок степен на префинетост

Со неговото внимание за детали, V40 Inscription зборува за уникатниот шведски вкус за рафинираност.

Модерен Шведски луксуз

Безвременски дизајн во најдобро светло

Ние го создадовме Inscription декорот за да ги задоволиме Вашите највисоки очекувања за скандинавски дизајн и изработка, со внимателно избрани детали за да Ви дадеме Вам и на Вашите патници возачко искуство за паметење. Познатите надворешни дизајнерски знаци го зголемуваат луксузниот изглед и чувство на V40, додека прецизно изработениот ентериер создава префинета средина за релаксирано возење.

Фини детали

Надворешните дизајнерски карактеристики, како што се нашите нови предни LED светла, уникатната Inscription решетка со хромирани шипки, сјајните надворешни лајсни околу страничните прозори и 17-инчните тркала со дијамантски рез, го подобруваат чистиот, скандинавски дизајн на автомобилот. Деталите во кабината, како што се фините материјали, Inscription означените прагови и кожниот тапацир го завршуваат изгледот.