Volvo V40 R-Design

Инспирирано од уметноста на возење

Доколку сакате да возите, V40 R-Design е за Вас.

Инспирирано од перформанси

Искусете ги спортските предиспозиции

R-Design креира изглед инспириран од перформанси, однадвор и одвнатре. Уникатниот дизајн му дава поинакво присуство на патот кој го привлекува вниманието од секој агол. Опционалната Sport шасија нуди подобро ракување, додека кабината е исполнета со R-Design додатоци.

Возбудете ги сетилата

Со својата R-Design решетка, предниот спојлер, Bright Silver ретровизори со мат завршеток и експресивни нови 17-инчни R-Design тркала, V40 R-Design го прави своето присуство чувствувано веднаш штом ќе го погледнете. Во задниот дел, хромираните двојни издувни цевки и спортскиот дифузер го дополнуваат изгледот. Во внатрешноста, R-Design темата продолжува со централната конзола во Stealth Aluminium, црниот кровен тапацир и Nubuck кожните седишта со контрастни шевови. И бидејќи возењето е во срцето на R-Design, спуштеното спортско подвозје е подесено за поостро ракување и одзив на управувачот.