Volvo V60

Релаксиран, самоуверен, во контрола

Различен, елегантен изглед и врвно уверено управување.

Простор со стил

Динамичен, флексибилен, за секој ден.

Со своето лесно управување и грациозни линии, V60 е динамичен семеен автомобил и повеќенаменски караван. Неговата запчеста кровна линија и доминантниот став на патиштата ги покануваат ентузијастите за возење да го преземат воланот, додека флексибилната конфигурација на задните седишта овозможува приспособување на секоја Ваша потреба, независно од патувањето.

Поддршка за возачот

Адаптивен темпомат

"Адаптивниот темпомат Ви помага да ја задржите поставената брзина или растојание до автомобилот пред Вас. Само изберете ја саканата брзина и временско растојание до возилото напред и уживајте во непречено возење, од мирување до брзини на автопат (200 km/h). Во сообраќај низ град, Queue Assist Ви помага да го следите возилото при забрзување и успорување. На автопат Вашата брзина автоматски се прилагодува на возилото со побавно движење за да Ви помогне да одржите правилно растојание.

*Функцијата Queue Assist од 0 до 30 km/h работи само со Geartronic™ автоматски менувач. "
 

Поврзете се со својот автомобил

Harman Kardon

Премиум звукот од Harman Kardon обезбедува брилијантно, автентично искуство во слушањето во Вашето V60, на кое седиште и да седите. Кристално јасните звуци, моќниот бас и ниските дисторзии, создаваат звук кој е богат и верен на Вашата омилена музика. Во прилог на овој високо квалитетен пакет, го нудиме и нашиот High Performance звучниот систем, кој обезбедува јасен, природен звук.

T6 Twin Engine AWD

"Со комбинација на електричен мотор и моќен турбодизел, нашиот двоен мотор D6 Twin Engine го нуди најдоброто од двата света: електрично возило со нулта емисија во град и автомобил со високи перформанси на автопатот - со погон на сите тркала кога е потребно.
 
Целосно електричниот режим приоритизира електричен погон со нула емисии до 50 км, идеален за секојдневно патување. Во хибриден режим, електричниот мотор и дизел моторот работат заедно за да го оптимизираат Вашиот опсег и ефикасноста на горивото, додека режимот Power ја користи сета достапна моќност за да ги максимизира перформансите. И за да побарате оптимално возење, само притиснете го копчето AWD за да се вклучи тракција на сите четири тркала."

Одберете го Вашиот стил

R-Design

Совршена комбинација од задоволство при возење и перформанси.

Cross Country

Урбаниот стил споен со авантура

Polestar

Искусете го возбудливото возење на автомобил со високи перформанси