НОВОТО V60 CROSS COUNTRY

ЦВРСТО И РАФИНИРАНО

Напредно возачко искуство, направено за вљубеници во дизајн, природа и авантура.

Напредно управување

Како дома на сите патишта

Со V60 Cross Country секој пат е добар. Има високо растојание од земјата и се справува со секакви патишта, на секакво време, а погонот на четири тркала придонесува за таа способност. 

Кога вртите со голема брзина на автопат, контролата за кривини го ублажува возењето. 

Одлична контрола

Удобен спортски

Доброто седиште ве поврзува со патот. Кожните спортски седишта на Volvo V60 Cross Country даваат добра потпора, ќе посакате вашата авантура никогаш да не заврши. На кривини и агли останувате цврсто на место, што ви дава чувство за целосна котрола. 

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.