Направи го свое

Разгледај ги нашите популарни опции подоле или консултирај се со својот дилер за целата линија на завршни додатоци..

Надворешен стајлинг

За да му додаде на вашиот автомобил поуникатен изглед VOLVO ги разви Exterior Styling додатоците кои го зајакнуваат авантуристчкиот дух на VOLVO.

Декоративен спојлер, преден браник

Предниот дел од автомобилот добива подинамичен и ексклузивен изглед, достапен во три мат бои кои се надополнуваат на галантеријата Exterior Styling.

Странични прагови на вратите

Украсните прагови се дел кој со својот стилски изглед и ексклузивни завршетоци се надополнува на галантеријата Exterior Styling. Достапни во три мат верзии кои ви овозможуваат и понатаму да го персонилизирате вашиот автомобил.

Дифузер

Дифузер за комбинација со интегрирани крајни цевки, комбинирани, на задниот од автомобилот му даваат спортски и елегантен изглед. Дифузерот е достапен во три мат верзии кои ви даваат можност за понатамошно персонилизирање на вашиот автомобил.

Технологија и звук

Користете ја навигацијата со стил и леснотија или користете помош при паркирање. Со нашите Tech & Sound додатоци можете да искусите добра забава а воедно и безбедност.

Забава на задните седишта

Патниците на задните седишта ќе уживаат во патувањето како никогаш порано со нашиот нов систем за забава со LCD екрани со вграден DVD Player со безжични слушалки и далечински управувач.

Park Assist предна камера

Не постои поголем предизвик од справувањето со тесни излези и крстосници кои често имаат ограничена видливост. Наша цел е да го направиме тоа полесно за вас со нашата Park Assist камера која го зголемува видното поле за 180° лево и десно од вас.

Задна Park Assist камера

Возењето рикверц (наназад) во тесен пракинг простор може да биде стресно. Зарем не би било добро да се има очи на задниот дел од вашиот автомобил? Вашиот VOLVO Ви ја овозможува оваа супермоќ со камера поставена на задната врата која драматично го зголемува Вашето видно поле.

Sensus Navigation

Конектирајте се со нашата Cloudbased апликација кои ќе ви помогнат да стигнете до вашата точка на интерес или пак слободно паркинг место. Селектирајте ја вашата дестинација со гласовна команда или пак користејќи го вашиот мобилен телефон. Вклучени се надоградувања на мапа.

Товар и пакување

Практично или добар изглед, зошто компромис? Со овој пакет на галантерија можете да ги добиете двете и притоа да го олесните вашето секојдневие. За да го задржите добриот изглед на вашето VOLVO, некои од додатоците можат да бидат во боја за да се вклопуваат со бојата на вашиот автомобил.

Отстранлива кука за влечење

Оваа издржлива и разновидна кука за влечење е специјално дизајнирана за Вашето VOLVO . Лесна за монтирање, се отстранува брзо и едноставно кога немате потреба од неа, дополнително, за да го задржите добриот изглед на Вашиот Volvo има капак за покривање во боја.

Кровни носачи

Овие специјално дизајнирани превозници на товар се вклопуваат безбедно на кровните носачи на покривот на вашето VOLVO. Лесно се инсталираат и вклопуваат со дополнителни носачи ако е потребно.

Заштитна решетка

Челичната решетка ви помага да се заштите од необезбедениот товар при силно кочење. Кога немате потреба од неа, решетката, во боја на ентериерот се преклопува спротивно на покривот.

Deco заден браник

Нашата Deco Rear Bumper лента го одржува вашето V60 во врвна состојба. Цврста и дизајнирана за да се вклопи со вашиот sportswagon, самолепливата лента го штити задниот браник од гребнатини при товарување.

Polestar Performance делови

Откријте го новиот асортиман на деловите на Polestar Performance. ДИзајниран да дава подобрени возачки перформанси низ целата година, каде и да одите.

За целиот обсег, Ве молиме посетете: polestar.com
Шасија

Уникатно за S60 и V60 е лентата за кочење. Достапна и како дел од Chassis Package заедно со надградени амортизери и пружини, лентата за кочење е дизајнирана и за да помогне при прецизно управување и ја задржува добрата состојба на гумите.

Тркала

19" алуминиумските фелни со гуми со висок перформанс, додека лесните бандажи допринесуваат за попрецизно управување. Опремени со Bridgestone Potenza гуми кои беа исцрпно тестирани со цел да најде оптималното ниво на контрола.

Издувни цевки

Polestar филтерот за воздух го подобрува протокот на воздух до моторот притоа ја зголемува ефикасноста без да ја намали издржливоста. Задниот дифузер е дизајниран за да емитува воздух поефективно под автомобилот воедно и поголема сила за да го одржи возилото цврсто на патот. Одлично се вклопува и со Polestar ауспухот.

Комплетен пакет

Polestar задниот спојлер беше изложен на тестирање под воздушен притисок за поголема стабилност и аеродинамичност при брзо возење. Како дополнителна предност, додава и подобар изглед на возилото , комплетниот пакет исто така вклучува и целосен асортиман на Perfomance Parts.

Безбедност за деца

Нашите детски седишта се дизајнирани да го направат патувањето со автомобил посигурно и попријатно за Вашите деца. И да Ви го олеснат животот.

Детско седиште, седиште за бебиња

Дизајнирани да обезбедат удобност и заштита на деца од 0-1 година, или кои тежат отприлика 0-13 килограми, нашите седишта насочени кон назад нудат длабоко седло, луксузен тапацир и високи странични панели. Големата рачка за носење лесно се прилагодува со една рака и потпирачот за глава може да се измени од напред.

Детски седишта, свртени наназад

Со поголем простор за нозе, опции за навалување и нов луксузен тапацир, нашите детски седишта насочени кон назад овозможуваат оптимална удобност и безбедност за деца од 9 месеци до 6 години или кои тежат 9-25 килограми. Компактниот дизајн и малата тежина овозможуваат лесна инсталација, прилагодување и отстранување.

Седиште за деца со поткревач

Нашето седиште со поткревач ги запознава децата од 4-10 години со седењето свртени нанапред. Обложениот потпирач за глава, високите странични панели и заштитата за рамења осигуруваат безбедно патување, додека новиот луксузен волнен тапацир гарантира удобно патување.

Детско седиште, перниче за поткревање/ потпора, волна

Дизајнирано за деца од 4-10 години, нашето перниче за поткревање со потпора овозможува безбедносниот појас секогаш правилно да лежи за да обезбеди исто ниво на сигурност на детето на било која возраст, додека новиот луксузен волнен тапацир овозможува безбедност. Потпората има пет подесувања на висината и може да се приспособи во позиција за спиење.

Polestar Performance Optimisation

Drive-E е најнапредниот систем за пропулзија на Volvo досега. Како резултат на тоа, инженерите на Polestar се фокусираа на пет критични перформанси при градењето на новата генерација оптимизации на Polestar. Со холистичен пристап извршија надградба на софтверот за моторот и менувачот. Заедно, тие нудат побрзо, попрецизно и интуитивно искуство.
FIND AN OPTIMISATION FOR YOUR VOLVO

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.