ВАШ ЖИВОТ, ВАШЕ Volvo XC40

Креирајте Volvo XC40 кое совршено се вклопува во Вашиот начин на живот, со Volvo Cars додатоци дизајнирани околу Вас и Вашиот автомобил.

21" тркала со отворени краци

Овие 21" тркала со пет краци го потенцираат моќниот карактер на Volvo XC40. А финишот со дезен во форма на дијамант совршено ги надополнува смелите и чисти линии на автомобилот.
 

Товарење и истоварање

Живејте го животот до максимум – Volvo Cars додатоците се креирани да го направат Вашето Volvo XC40 уште поразлично.

Заштитна челична решетка

Нашата силна челична решетка обезбедува цврста бариера помеѓу патниците и товарните прегради. Се монтира со едноставни точки за прицврстување, што Ви помага да го транспортирате Вашето домашно милениче - или обемни товари - што е можно посигурно и безбедно.

Подлога за багажниот простор со две лица

Оваа подлога со две лица има висококвалитетен текстил од едната страна и водоотпорна пластика од другата, за да одговараат на различни потреби. Издржлива и практичена, подлогата исто така се шири за да ги заштити задните седишта кога се преклопени надолу.

Држач за велосипед кој се монтира на рамката

Овој држач за велосипед Ви овозможува да го земете она што го сакате со Вас. Изработен од цврст, а сепак лесен алуминиум, го држи велосипедот на место со брзо ослободување, со затворач кој самостојно се мести во својата положба. Фиксирачка рака го задржува велосипедот на место додека возите.

Склоплива кука

Нашата кука за влечење е тука кога Ви е потребна - и надвор од поглед кога не Ви треба. Притиснете го копчето во багажникот и таа електрично излегува. Се што треба да направите е да ја заклучите во позиција со еден клик. Исто така, достапен е и багажник дизајниран за да се вклопи со влечната кука.

Безбедност за деца

Нашите безбедносни иновации ги чуваат децата во последните 50 години. Научивме многу во текот на тој период. Во новата генерација на Volvo детските седишта, го применивме сe она што го знаеме и сите бенефити Ви ги пренесуваме Вам.

Детски седишта за новороденчиња

Дизајнирани да овозможат удобност и заштита на новороденчињата со старост до 1 година, нашите седишта свртени наназад имаат профилиранo седиште со луксузен тапацир од волна и високи странични заштити. Големата рачка за носење може да биде подесена со користење на само една рака, додека наслонот за глава може да го подесувате од напред.

Детски седишта свртени наназад

Со зголемен простор за нозе, дополнителни опции за подесување и луксузен тапацир од волна, нашето детско седиште свртено наназад овозможува оптимална удобност и безбедност за деца од 9 месеци до 6 години. Компактниот дизајн и малата тежина придонесуваат за лесно поставување и отстранување на седиштето.

Детски седишта со поткревач

Детските седишта со поткревач се наменети за деца од 4 до 10 години кои се веќе доволно големи да можат да седат свртени со поглед кон патот. Поставениот наслон за глава, високите странични заштити и заштитата за рамења осигурува безбедно патување, додека луксузниот тапацир од волна овозможува удобност при патување.

Детски седишта со волнен поткревач и потпирач

Дизајнирани за деца од 4 до 10 години, детските седишта со волнен поткревач и потпирач осигуруваат безбедносниот појас секогаш да нуди еднакво ниво на безбедност за децата без разлика на возраста и висината, додека луксузниот тапацир од волна нуди удобност. Наслонот за грбот може да биде наместен за позициите во кои може да се одмара/спие и нуди 5 различни нивоа за висина.