Volvo XC90 Excellence

Најдоброто од сè

Едно луксузно SUV, четири индивидуални седишта.

Hашата идеја за луксуз

Втор ред, прва класа

XC90 Excellence се карактеризира со две раскошни, индивидуални седишта во задниот дел, како и во предниот. Тоа значи дека ќе уживате во легендарната Volvo удобност на предните седишта без разлика дали Вие возите, седите на совозачкото седиште, или се релаксирате во задниот дел додека Вашиот возач Ве вози. 

Чувствувајте се разгалено

Индивидуална удобност

Функција за масажа, вентилација и греење се стандард кај четирите индивидуални седишта. Тапацирани со врвна перфорирана Nappa кожа.

Ладилник за пијалоци

Задната остава за ладење може да собере две шишиња од по 750ml од Вашиот посакуван пијалок и две рачно изработени шведски Orrefors TM кристални чаши.

Excellence конзола

Интуитивната Excellence конзола обезбедува подесување на Вашето опкружување со допир од прст. Подесете го аголот и греењето на Вашето седиште, и одржувајте ги Вашите пијалоци на оптимална температура.

T8 Twin Engine

Интелигентна моќ

Со T8 Twin Engine моторот, целосно електричниот режим создава речиси нечујно возачко искуство. Дискретен амблем во облик на круна, веднаш до ознаката на моторот, го потврдува уникатниот статус на XC90 Excellence.