Volvo XC90 Inscription

Редефинирање на елегантното патување

Со неговото внимание за детали, XC90 Inscription зборува за уникатниот шведски вкус за рафинираност.

Модерен шведски луксуз

Ексклузивност и елеганција

Го создадовме ексклузивното XC90 Inscription за да ги задоволиме Вашите највисоки очекувања од шведскиот луксуз. Секој детал е внимателно избран за да Ви даде на Вас и Вашите патници софистицирано и наградувачко искуство. Познатиот надворешен дизајн го подобрува извонредниот изглед и чувство на XC90, додека прецизно стокмената внатрешност создава елегантна средина за релаксирано возење.

Фини детали

Inscription е олицетворение на модерниот шведски луксуз со хромирани детали кои го издигаат изгледот на автомобилот на повисоко ниво и двојните интегрирани издувни цевки кои го прават моќен задниот дел од автомобилот. Внатре, Comfort седиштата се тапацирани во Nappa кожа и предните седишта се електрични. Исто така, добивате 12-инчен дисплеј за возачот и Linear Walnut декор. Навечер, внатрешното осветлување ја осветлува секоја контрола и простор за складирање, а четирите режими на возење Ви овозможуваат да го прилагодите Вашето возење.