Volvo XC90 R-Design

Инспирирано од уметноста на возење

Доколку сакате да возите, XC90 R-Design е за вас.

Стил со карактер

Искусете ги спортските предиспозиции

R-Design е смела изјава која светот треба да ја види. Ја прославува возбудата на возење со богатство на визуелни елементи кои му даваат на Вашиот автомобил спортско и софистицирано присуство на патот. Тоа е упадлив израз кој Ве кани да седнете позади воланот, секој ден.

Возбудете ги Вашите сетила

XC90 R-Design го истакнува своето присуство со впечатливи детали во дизајнот и материјалите. Неговата уникатна R-Design предна решетка, црниот лакиран декор и светлата за магла во предниот браник му даваат карактеристичен изглед. Во задниот дел, црн лакиран дифузер и R-Design интегриран двоен извдув ја продолжуваат спортски инспирираната тематика – моќно комплементирана со 20-инчни тркала. R-Design контурните седишта, R-Design управувачот со лопатки за менување брзини и R-Design кожната рачка за менувач создаваат спортско расположение.