Поглед одблизу на Volvo XC40 R-Design паркирано на покрив

ДЕФИНИРАН ЛУКСУЗ

Volvo XC90 Excellence

Комбинирајќи ги просторот и елеганцијата на XC90 со богатството на првокласна внатрешност, Excellence е вистинско луксузно искуство.

Човек на задното седиште во Volvo XC90 Excellence

Вашата првокласна кабина

XC90 Excellence е зенитот на софистицирано патување, со две поединечни прилагодливи, контурирани задни седишта кои го прават секое патување првокласно искуство. Тие се загреваат, ладат и имаат масажна функција. Декорот со перфориран кожен тапацир, Linear Walnut и детали како што се кожните рачки создаваат атмосфера на комодитет. И со Excellence Lounge варијантата со три седишта, уживајте во средина во која може работите во удобност. T8 Twin Engine нуди речиси нечујно патување, а специјалните 21 инчни алуиниумски тркала даваат препознатлив завршеток.

Excellence нивото на опременост во детали

Погледнете ги спецификациите
Индивидуална удобност

Двете поединечни задни седишта се олицетворение на луксузот, кои се лизгаат и навалуваат, со функција за масажа и вентилација и елетрично издолжување на седиштето.

Ваш личен простор

Опуштете се со вграден ладилник за пијалаци и пар ексклузивни кристални чаши Orrefors со осветлени држачи.

Супериорна средина

Во Excellence Lounge варијантата со три седишта, можете да уживате во навистина луксузен, флексибилен простор. Тоа е уникатна средина за бизнис и за одмор.

 
Поглед одблизу на ексклузивните кристални чаши Orrefors во Volvo XC90 Excellence

Истражете други нивоа на опременост на XC90

Volvo XC90 Excellence ниво на опременост
XC90 Excellence

Суперлативен луксузен SUV.

Volvo XC90 Inscription ниво на опременост
XC90 Inscription

Прогресивен и модерен луксуз од Шведска.

Volvo XC90 Momentum опрема
XC90 Momentum

Премиум SUV искуство.

Volvo XC90 R-Design ниво на опременост
XC90 R-Design

Посветен на уметноста на возење.