Грижливо одбрани возила Volvo Selekt

Volvo Selekt е фабричка програма, која марката Volvo ја има во својата глобална мрежа. Во Македонија во моментот има неколку модели, со старост од 1 до 5 години и со загарантирано помалку од 150.000 изминати километри.
Пронајдете дилер

Volvo Selekt е најпаметниот избор, кога купувате половно Volvo.

Меѓу сите возила што се на располагање, исклучиво ги избираме најдобрите. Потоа ги проверуваме темелено во 100 точки и ги ажурираме со најновата програмска опрема. За да го обезбедиме Вашето целосно задоволство, кон тоа додаваме и гаранција, која вклучува МОТ-тест и покрива помош на пат и 30-дневно ветување за замена на избраното возило.

Volvo Car Финансирање

Изборот на возило оди рака под рака со изборот на вистинскиот пакет на финансирање. Затоа направивме сѐ, за да заминете со Volvo од вашите соништа едноставно. Нашите финансиски услуги се обликувани според Вас. Се погриживме за конкурента каматна стапка за сите модели на Volvo и уште поповолни услови за возилата во посебна понуда. Обезбедуваме безгрижно, лично и удобно купувачко искуство, прилагодено за Вас. Добре дојдовте во светот на Volvo.
Пронајдете дилер