Поглед од горе на Volvo S60 на крајбрежен пат

Перформанси

Создавање на совршеното возење

Баланс. Елеганција. Контрола. Ова се клучните елементи на новото Volvo S60, автомобил кој ја прикажува ангажираноста на Volvo Cars кон возењето. Ние ја посетивме тајната единица за тестирање во Шведска за да дознаеме повеќе.

ОД IAN DICKSON

„Постојат три области кои треба да ги опфатите доколку сакате да постигнете совршено возење, вели Кенет Екстром, лидер во возење, ракување и управување на S60 - тоа се управувањето, ракувањето и удобноста при возење". Toa се овие три елементи кои работат заедно и кои му даваат на S60 „чувство на поврзаност", вели Кенет. 

"Ние секогаш се фокусираме да му дадеме присуство на самиот автомобил", кажа Kenneth при нашата посета на центарот за тестирање на Volvo Cars, каде што тој го возеше тајниот прототип 'mule' на S60. "Треба да го чувствувате дека е жив. Треба да го чувствувате дека е поврзан. Треба да го чувствувате дека е остар и прониклив. Тоа е многу важно."   

"Треба да се почувствувате поврзани преку воланот, седиштата, педалите. Треба да ја чувствувате текстурата на патот, за да не бидете премногу изолирани, но не премногу за да не стане автомобилот заморен. Кога вртите на кривина треба да се чувствувате како целиот автомобил се врти со вас, инстиктивно, во тој прецизен момент".     

Додека Kenneth зборува, тој го вози S60 на еден од многуте патишта кои се наоѓаат во овој центар за тестирање, место кое што ги имитира реалните услови на патот. Без разлика на брзината, автомобилот секогаш го чувствувате целосно поврзан. Прототипот на S60 е неговата канцеларија, местото каде што тој се чувствува удобно и во контрола.   

Неговата пасија кон автомобилите и возењето не е само неговата работа во Volvo Cars. Кога не ги развира карактеристиките на S60, Kenneth е успешен, аматерски тркач со автомобили и се натпреварува насекаде низ Шведска. Во својата работна околина во Volvo Cars, тој предводи тим од колеги кои се големи ентузијасти за возење - секој од нив е различен, но сите се фокусирани и до најситните детали. Тие точно знаат како сакаат автомобилот да направи да се чувстувате и знаат како да го реализираат тоа.

„Го обожавам фактот што нашата работа како инженери ни овозможува да влијаеме врз многу аспекти во изрботката на автомобилот", нагласи Кенет. „Од суспензијата до начинот на кој го чувствувате управувањето, ние го поставуваме ставот на самиот автомобил. Со S60 креиравме автомобил што е лесен за ракување и нуди потполно уживање при возењето."   


Kenneth и неговиот тим за да стигнат до совршенството го истажија целиот пазар за автомобили во светот. Најпрво започнаа со возење на симулаторот во лабораторијата на Volvo Cars, користејќи го истиот систем на Ferrari и Porsche за тестирање на динамиката на своите автомобили, пред да се тестираат на самите патишта во Шведска - и каде што се тестираат на различни површини и услови на возење. Токму поради овие тестови може да предвидиме како автомобилот ќе реагира при различни услови на патот. Ова е клучот за постигнување на "чувството на поврзаност". Бидејќи покрај физичкиот изглед, инженерството и тестирањата кои се од големо значење - сепак за возењето најголем удел имаат чувствата.  


"Треба да се чувствувате како да сте дел од автомобилот", е начинот на кој Kenneth го објаснува сето ова. "Треба да биде интуитивно, балансирано и предвидливо. Кога креираме автомобил кој е интуитивен, предвидлив и балансиран во секоја ситуација, тој е многу поудобен за возење."
Kenneth стои до S60

„Повторно се навраќаме кон хармонијата помеѓу управувањето, возењето и ракувањето" - Volvo Cars уникатно го доловува искуството при возењето, каде што автомобилот не е ниту премногу цврст ниту мек, ниту премногу комплициран ниту одвоен. Автомобил кој има природен тек и кој секогаш е возбудлив, но никогаш досаден. Инженерството се однесува на пронаоѓањето добар компромис и тоа е токму тоа што ние се обидуваме да направиме", додава Кенет. 

„Веднаш знаете за каков автомобил станува збор, а тоа е важно бидејќи автомобилот е предвидлив", кажа Ерик Олсон, еден од инженерите за шасијата и колега на Кенет. Ерик поминува месеци во возење на прототипот и постојано прави промени, прилагодувања и повторни пресметки. „Со правење на сè ова може да согледаме како автомобилот ќе се однесува при различни ситуации, така што додека возите ќе се чувствувате целосно сигурни дури и да не сте искусиле лично таква ситуација", вели Ерик.  

"Чувството на сигурност и контрола заедно со динамичноста на автомобилот се клучните елементи кои го прават S60 толку пријатен за возење", додава Eric. "Уникатното искуство при возењето е токму тоа што го истакнува од остантите автомобили од оваа класа."  

Kenneth додава со сигурна насмевка на лицето: "Мислам дека ова е најзабавниот автомобил за возење кој е креиран од страна на Volvo Cars."