Електрифицирани перформанси

Електрификацијата е во срцето на визијата на Volvo Cars. Новиот S60 plug-in хибрид со T8 Twin мотор e следниот чекор - автомобил кој е подготвен за иднината, уште денес.

ОД LEO WILKINSON

Иднината е во електрификацијата - и тоа е нешто на коешто треба да се фокусираме во иднина. Електрификацијата ги прави автомобилите помоќни и помага во намалување на штетните емисии и загадувањето на воздухот. Тоа е поефикасна, одржлива форма на моќ. Затоа во 2017, Хекен Семјуелсон, претседател и CEO на Volvo Cars, изјави дека од 2019 година секој нов  автомобил на Volvo ќе има електричен мотор. Volvo ќе претстави пет целосно електрични автомобили помеѓу 2019 и 2021 година, додаде тој, со цел да се постават еден милион хибридни или целосно електрични автомобили на Volvo Cars на самите патишта до 2025. Ова беше изјава што се рашири низ целиот свет. 

Оваа смела изјава веќе станува реалност, благодарение на автомобилите како S60 со T8 Twin мотор. Овој plug-in хибрид седан е изграден врз основа на верзијата на T8 Twin моторот кој се среќава кај XC60, S90, V90 и XC90. Нуди силни перформанси, бесчујност и нула штетни емисии. 

Пер-Арни Реинхолсон, технички директор, вели дека правењето на plug-in хибрид на новите генерации автомобили е храбар и визионерски потег, оправдан од самиот факт колку многу работи може да ни понудат овие електрични автомобили со високи перформанси. „Иако се најдобро опремени и најмоќни модели во својата категорија, овие модели со T8 Twin моторот нудат најефикасно користење кога ги употребувате нивните plug-in можности. Тие го прикажуваат прогресот на Volvo Cars", додаде тој.  

Како и новата генерација на plug-in хибридни автомобили на Volvo Cars, S60 со T8 Twin мотор ја комбинира турбината и суперчарџерот на бензискиот мотор со четири цилиндри кои ги движат предните тркала и моќниот електричен мотор што ги движи задните. Резултатот се силни и без напор перформанси и конзистентни реакции кога ќе го притиснете педалот за гас.„Може да кажете дека T8 е новиот V8", кажа Пер-Арни. „Ова е динамички автомобил со одлични перформанси."

„Ако возбудливото темпо е една од карактеристиките со кои S60 со T8 Twin мотор го редефинира искуството при возењето, неговата способност за мирно и речиси бесчујно возење е неговата друга карактеристика. Тоа е луксузно искуство", вели Пер-Арни. „Може да возите низ град со електричниот мотор и едвај ќе може да слушнете нешто. Автомобилот станува светилиште во кое може да уживате во мирот."  

S60 со T8 Twin моторот го менува вашиот начин на патување - режимот кој е наменет за користење само на електричниот мотор им овозможува на повеќето луѓе да возат до работното и назад со нула штетни емисии. Ова е автомобил што се прилагодува на различните потреби и нуди режими како Pure, Power и Hybrid со кои возачот може да го прилагоди своето возење во зависност од патувањето или околностите. All-Weel Drive режимот, кој нуди погон на сите тркала, ја подобрува влечната сила при лизгави услови, додека режимот Individual му нуди можност на возачот да направи уникатна комбинација од поставувањата. „Овој автомобил е насочен кон моќноста, контролата и ефикасните перформанси - додека електрификацијата му овозможува на возачот вистински да го прилагоди своето возење. Го става возачот во самиот центар", вели Пер-Арни.  

Plug-in хибридната техлогија е вистинското решение, во вистинско време, изјави Пер-Арни. „Тоа е многу добра комбинација од постоечката и новата технологија. Навистина го добивате најдоброто од сè." 

„Ако возбудливото темпо е една од карактеристиките со кои S60 со T8 Twin мотор го редефинира искуството при возењето, неговата способност за мирно и речиси бесчујно возење е другата негова карактеристика. Тоа е луксузно искуство", вели Пер-Арни. „Може да возите низ град со електричниот мотор и едвај ќе може да слушнете нешто. Автомобилот станува светилиште во кое може да уживате во мирот."  

S60 со T8 Twin моторот го менува вашиот начин на патување - режимот кој е наменет за користење само на електричниот мотор им овозможува на повеќето луѓе да возат до работното и назад со нула штетни емисии. Ова е автомобил што се прилагодува на различните потреби и нуди режими како Pure, Power и Hybrid со кои возачот може да го прилагоди своето возење во зависност од патувањето или околностите. All-Weel Drive режимот, кој нуди погон на сите тркала, ја подобрува влечната сила при лизгави услови, додека режимот Individual му нуди можност на возачот да направи уникатна комбинација од поставувањата. „Овој автомобил е насочен кон моќноста, контролата и ефикасните перформанси - додека електрификацијата му овозможува на возачот вистински да го прилагоди своето возење. Го става возачот во самиот центар", вели Пер-Арни. 

Plug-in хибридната техлогија е вистинското решение, во вистинско време, изјави Per-Arne. „Тоа е многу добра комбинација од постоечката и новата технологија. Навистина го добивате најдоброто од сè."