На возачкото седиште

Постариот заменик-претседател на Volvo Cars од одделот за дизајн, Робин Пејџ, објаснува како минималниот скандинавски дизајн и шведската изработка се искомбинирани во новото Volvo S60. Резултатот, вели тој, е луксузен ентериер чиј фокус е возењето.

ОД GAVIN GREEN

„Мислам дека луѓето очекуваат од нас да ги предводиме новите трендови за чисти и едноставни линии во дизајнот на ентериерот", вели Робин Пејџ, постар заменик-претседател на Volvo Cars во одделот за дизајн. „Едноставните линии се голем дел од нашиот бренд. Тоа е поврзано не само со скандинавксиот дизајн туку и со безбедноста и удобноста при возењето. Со минимизирање на дистракциите, можеме да се фокусираме на она што е навистина важно - возењето." 

Седнете на возачкото седиште на новиот S60 и ќе разберете точно се што мисли Робин. Тоа е простор кој е одлично скроен за уживање во возењето, со издржлив дизајн, висококвалитетни материјали и одличен комфор. Ова е луксузен автомобил кој ве држи поврзани на патот.   

Голем удел во чувството за поврзаност на патот има релативно ниското седиште, вели Робин. „Сопствениците на динамички автомобили како S60 сакаат да бидат поблиску до патот", вели тој. „Тие ја ценат дополнителната способност за маневрирање и агилност што овој автомобил ја има во однос на SUV. Тоа е еден од неговите најпривлечни аспекти. Понатаму, голем удел во чувството за поврзаност има и самото возачко седиште, кое го 'прегрнува' возачот. Ќе се почувствувате како едно", вели Робин. „Тоа е клучот на сите автомобили кои му даваат приоритет на уживањето при возењето."   

Големиот централен екран на допир е доказ за желбата на Volvo Cars да ги задржи работите едноставни. „Возењето треба да биде интуитивно и никогаш не треба да збунува", вели Робин. „Ние не сакаме да поставиме копчиња и прекинувачи насекаде. Тоа го одвлекува вниманието. Сè во кабината треба да биде корисно за возачот и за патниците. Тоа е дизајн кој во самиот центар го става човекот."
Постариот заменик-претседател на Volvo Cars од одделот за дизајн, Робин Пејџ, во студиото за дизајн заедно со S60
Централен екран на допир на новиот Volvo S60

"Возењето треба да биде интуитивно и никогаш не треба да збунува. Ние не сакаме да поставиме копчиња и прекинувачи насекаде."

Robin Page

Senior Vice President, Design, Volvo Cars

Многу од функциите на автомобилот се управуваат преку централниот екран на допир. „Благодарение на паметните телефони, луѓето сега се подготвени за екраните на допир", вели Робин.

Изгледот на ентериерот на S60 изобилува со едноставност и луксуз. Суптилните детали, како што е заоблениот декоративен панел и завршетокот со дијамантскиот пресек на контролите, ја истакнуваат беспрекорната изработка - ова е автомобил каде што квалитетните материјали и нивната изработка јасно доаѓаат до израз. 

R-Design моделите, се фокусираат на спортски и технички изглед. Со Charcoal тематска боја, Metal Mesh алуминиумски декоративни панели и тапацир во Nappa кожа и Open Grid текстил. Contour седишта располагаат со контрасни детали.
Изгледот на ентериерот на новиот S60

Робин претходно работел за брендови на луксузни автомобили како Bentley, Bugatti и Rolls-Royce. „Научив многу од нив", вели Робин. „Една од главните лекции беше употребата на природни материјали кои се високо ценети и користењето на истите на вистинскиот начин. Веднаш штом започнете да користите материјали на неприроден начин, тоа што го правите ќе почне да изгледа вештачки. Премиум материјалите, како кожа и дрво, мора да изгледаат вистински и да ги чувствувате како вистински. Правилното користење на овие материјали придонесува за врвна изработка и квалитет, што е многу важно за Volvo Cars."  

Во S60 чувството на благосостојба е дел од уникатното возачко искуство. Додека инженерите на Volvo Cars се фокусирани кон изработка на автомобил што ќе понуди одлични возачки способности,Робин и неговиот тим се задолжени за пренесување на овие емоции на самиот ентериер на автомобилот.