Моќта позади дизајнот

Кога скандинавската елеганција ќе се сретне со динамичноста, резултатот е новото Volvo S60. Постариот заменик-претседател на Volvo одговорен за дизајнот, Робин Пејџ, објаснува како тој заедно со својот тим дизајнираа автомобил што е посветен на возењето.

ЗБОРОВИ: GAVIN GREEN

Робин Пејџ (лево), постариот заменик-претседател во одделот за дизајн на Volvo Cars, ги објаснува уникатните детали на S60.

"S60 е автомобил кој го возвишува задоволството при возењето на уникатен скандинавски начин", кажа Робин Пејџ, постар заменик-претседател во одделот за дизајн. „Забавно е кога го возите и изгледа самоуверено и разиграно без воопшто агресија". 

Визуелно, S60 го има најновиот самоуверен и неприкословен дизајн на Volvo Cars, кој за прв пат беше претставен кај XC90 SUV. Новиот S60 има најдинамичен изглед на овој дизајн. 

“S60 е прекрасно балансиран автомобил” кажа Robin. "Има удобен, софистициран, моќен и привлечен впечаток, а тоа е се она што сакавме да достигнеме со овој дизајн на автомобилот". 

Одличниот дизајн започнува со вистинските темели, а S60 е изграден на платформата на Volvo SPA - Променлива архитектура на продуктот - која исто така е основа за XC60, S90, V90 и XC90. Тоа е платформа која е создадена во соработка меѓу одделот за дизајн и инженеринг на Volvo Cars. И како што посочува Robin, тоа не е секогаш во практика на автомобилските компании. "Дизајнерите понекогаш треба да работат на платформи кои не го оптимизираат дизајнот. Може да се навраќате повеќепати, но резултатот повторно ќе биде компромис. Автомобил кој изгледа неповрзано. Токму затоа платформата е критична и многу важна за добриот дизајн".  

Кога станува збор за дизајнот на S60, Robin вели дека растојанието помеѓу ветробранското стакло и центарот на предното тркало е критично и важно: "Го однесовме предното тркало подалеку од ветробранското стакло. Со ова се добива подолга хауба која му дава на автомобилот вистински мускулест и моќен дизајн. Исто така овој 'мускулест' дизајн продолжува и на предните и задните тркала со што се добива помоќен дизајн и став на самиот автомобил".   

Ставот е клучен за сите автомобили, вели Робин, а особено за оние со динамичен изглед. S60 дефинитивно го поседува. Ова е автомобил кој цврсто стои на своите тркала и стабилно се прилепува за асфалтот, изглед што ги истакнува уште повеќе перформансите на овој автомобил.   

Предниот дел на автомобилот е длабок и 'повлечен нанапред' и на хаубата има дискретен дел кој е обликуван за да даде помоќен изглед - двете карактеристики ги истакнуваат перформансите на автомобилот. Заоблените делови над задните тркала се уште една одлика на атлетскиот изглед на овој автомобил, кажа Robin.   

Изгледот на S60 очигледно е дека еволуирал од новиот дизајн на Volvo Cars. "Многу е карактеристичен", вели Robin. "Стана заштитен знак на Volvo Cars. Но кај S60 е пониско и со тоа се добива поголема динамичност". Уникатните фарови со светла во Т-обликот се уште една заштитна карактеристика на Volvo Cars, a кај S60 тие се продолжени до главниот дел на фарот за да се нагласи ширината и динамиката.      

На задниот дел имаме посебен 'удар' во однос на дизајнот. "Има атлетски изглед и помага во аеродинамичноста", објаснува Robin. "Забележете го недостатокот на светли детали - како на пример хром. Кога станува збор за лајсните, помалку означува повеќе за Volvo Cars".     

Комбинацијата на воздржаноста и елеганцијата на Скандинавскиот дизајн со динамичните краеви е она што го дава вистинскиот карактер на S60, вели Robin. "Има моќна тензија, но дизајнот е минималистички. Некои автомобилски компании имаат разновиден и комплициран дизајн. Нашиот дизајн е едноставен и со чисти линии. Тоа е чистотата на Скандинавскиот дизајн - а тоа е многу важно за Volvo Cars".