Наскоро ќе објавиме ново софтверско ажурирање преку етер за нашите целосно електрични Volvo автомобили. Софтверскиот пакет содржи и нова апликација за во автомобилот, развиена во нашата компанија: Range Assistant.
Range Assistant може да помогне да се промени однесувањето на возачите, за да се подобри опсегот. (Напомена: корисничкиот интерфејс може да се разликува во некоја понова верзија.)
Тоа е едноставна кратенка со три букви, но благодарение на OTA – over-the-air (преку етер) – влеговме во смел нов свет во однос на развојот на производите. Долго време можевме да ги ажурираме нашите автомобили само во определени времиња. Често пати го правевме тоа само двапати годишно: еднаш на пролет и еднаш на есен. Но, благодарение на поврзливоста и на OTA, сега можеме постојано да ги подобруваме и ажурираме нашите автомобили.
Нашето следно OTA ажурирање вклучува нова карактеристика: апликацијата Range Assistant за во автомобилот. Таа ќе пристигне како бета верзија во најновото OTA ажурирање, а подобрувањата ќе се вршат постојано.
Range Assistant е дизајниран за целосно електрични автомобили и им помага на возачите на два начина: им дава увид во тоа кои фактори влијаат врз опсегот и до кој степен; и дава информации што може да помогнат да се оптимизира опсегот на нивниот Volvo.
Range Assistant е развиена во нашата компанија, од страна на тим од дизајнери на корисничко искуство со вкрстени функции, искусни програмери од нашиот тим за Безбедна автоматизација на возилата (SVA), програмери за софтвер за информирање и забава и климатски експерти. Поради тоа што ефикасното возење електричен автомобил бара различен пристап од автомобилите со мотор на внатрешно согорување, Range Assistant има за цел да помогне полесно да се оствари таа транзиција. Тоа беше важна почетна точка при дизајнирање на апликацијата.
„Во електричен автомобил, брзината има огромно влијание врз тоа колкав опсег имате“, рече Ана Араса Гашпар, менаџерка за корисничко искуство во нашиот Сектор за дизајн. „Па, ја увидовме потребата за апликација што може да дава информации за тоа кој ви е опсегот во моментот, колку може да варира и колку можете да постигнете со менување на однесувањето. Намерно одбравме да ги вклучиме само тие работи што најмногу влијаат врз опсегот и врз кои корисникот може да влијае. И временските услови исто така се голем фактор, а студот влијае врз батеријата – луѓето не можат да ги сменат временските услови, но системот за климатизација може да се прилагодува.“
На пример, со апликацијата Range Assistant, возачите можат да изберат да го намалат системот за климатизација преку карактеристиката на оптимизаторот за опсег. Користењето помалку енергија на овој начин е голем фактор во оптимизирање на опсегот. Апликацијата исто така укажува до кој степен тековната брзина и користењето на гасот од страна на возачот влијаат врз опсегот. Возачите потоа можат да ја менуваат својата контрола на гасот и да ја прилагодуваат брзината, па да го видат влијанието што тоа ќе го има врз опсегот.
„Развиваме карактеристики и апликации многу побрзо правејќи ги работите во нашата компанија.“
Уште една возбудлива карактеристика на Range Assistant е дека е дизајнирана во нашата компанија. Тоа е одличен пример за нашата амбиција да развиваме 50 отсто од целиот софтвер во нашите автомобили, во нашите сопствени капацитети. Тоа е голема разлика во споредба со тоа какви беа работите порано, рече Фредрик Хулт, менаџер за производство за нашиот систем за информирање и забава, во рамките на поврзаното искуство:
„Тоа е голема промена. Ако го погледнеме претходниот систем, имавме добавувач од Ниво 1 што ни ја вршеше целата работа за нас. Ние само наведувавме што бараме и ги купувавме производите. Нашите луѓе во голема мерка беа сопственици на функциите, беа одговорни за системот и го тестираа. Сега ние сме главните развивачи на софтверот. На секои шест до осум седмици имаме ново ажурирање и го доставуваме до сите автомобили што сме ги произвеле. Па, постоечките клиенти исто така можат да имаат придобивка од тие ажурирања.“
Развиваме карактеристики и апликации многу побрзо правејќи ги работите во нашата компанија наместо преку добавувачи. За создавањето на Range Assistant ни беа потребни приближно шест месеци, од идеја до активирање.
„Многу е возбудливо што можеме да влијаеме, извршуваме и да ги гледаме непосредните резултати“, рече Фредрик.
Тестирањето и пробувањето се новите важни работи во играта, рече Фредрик: „Едно наше мото е „брзо потфрлај“. Сега можеме веднаш да пробаме нова идеја, па ако не функционира, можеме да ја смениме. Постои целокупен план за насоката, ама ако работите не излезат како што сакаме, можеме брзо да го промениме планот. Имаме многу повеќе можности и слобода. Плус можеме да користиме нови карактеристики и да добиеме итни реакции од луѓето што ги користат.“
Ана е еднакво задоволна со транзицијата кон софтверски развој во самата компанија и OTA ажурирањата. „Тоа ни дава можност да ги еволуираме работите и да добиеме повратни информации директно од корисниците“, рече таа, додавајќи дека тоа исто така помага да се исполнат дел од предизвиците околу иницијалното пуштање на нашиот систем за информирање и забава поддржан од Android.
„Ја имавме оваа цел за тоа каде сакаме автомобилот да биде, но проектот на Android започна од нула и малку бевме тесни со рокот кога го испорачавме првпат. OTA ажурирањата ни овозможија брзо да обезбедуваме нови карактеристики кои не можевме да ги испорачаме во времето на пуштањето во употреба.“
Фредерик гледа уште една придобивка кај новиот начин на работење. „За мене, ова е многу позабавна работна средина“, се насмеа. „Многу е возбудливо што можеме постојано да ги еволуираме нашите производи за новите и постоечките клиенти.“
А додаде дека не е единствениот што мисли така. „Привлековме многу нови луѓе во последниве години. Порано, програмерите не беа толку заинтересирани да работат во Volvo. Ама сега се заинтересирани затоа што навистина можат да ги употребат своите вештини тука.“