Volvo On Call

Контролирај го твоето возило со допир на копче.

Помошта која Ви е потребна – сега

Без разлика дали Ви се дупнала гума, имате некој дефект или сте направиле сообраќајна несреќа, ние сме тука да Ви испратиме помош каде и да сте.

Помош на пат

Притиснете го копчето Volvo On Call или употребете ја мобилната апликација за да зборувате со оператор, кој може да испрати помош на Вашата GPS локација.

Итна поддршка

Притиснете го копчето SOS, лоцирано на предната конзола, кога и да имате потреба од итна асистенција.

Автоматско предупредување при сообраќајна несреќа

Кога е детектирана сообраќајна несреќа, Вашето Volvo го известува обучениот оператор за да го контактира возилото и веднаш да испрати сервис служба.

Предупредување во случај на кражба

Volvo On Call е известен во случај кога е детектирано сомнително влегување во Вашиот автомобил. Кога е украден, ќе го искористиме GPS уредот на Вашиот автомобил за да го најдеме и да го онеспособиме.

Одвозете со удобност

Апликацијата Volvo On Call овозможува да ја одржувате температурата во Вашиот автомобил само со користење на Вашиот мобилен телефон. Тоа е една од секојдневните луксузности кои Ви ги нуди Вашето Volvo.

Паркинг грејач

Искористете ја апликацијата за да го загреете моторот или внатрешноста на Вашето дизел Volvo без користење на моторот. (Потребен е фабрички инсталиран паркинг грејач.)

Стартување на моторот од далечина

Стартувајте го автомобилот 15 минути пред да тргнете и контролирајте го Volvo системот за климатизација од далечина. (Достапно во одредени модели од 2015.)

Услуги од консиерж

Понекогаш на сите ни треба мала помош, како што е наоѓање место за јадење на патот или хотелска или авионска резервација во последен момент. Со нашите услуги „Консиерж“ (Concierge Services) само притиснете го копчето „On Call“ и зборувајте со еден од нашите консиержи во секое време. (Достапно само во Кина))

КОМПАТИБИЛНОСТ

Користењето на апликацијата Volvo On Call бара Вашиот автомобил да е фабрички опремен со Volvo On Call, модели од 2012 па навака. Во зависност од моделот на Вашето Volvo, може да има варијации на опциите на располагање.

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.