CarPlay

Уживај во опциите на твојот iPhone од возачкото седиште.

CARPLAY ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Побезбеден начин за управување со Вашиот мобилен телефон

Со употреба на Volvo вградениот екран на допир, може да уживате во одредени функционалности без да го допирате мобилниот телефон.

Voice

Користете ја Siri – апликацијата за гласовно бирање на Apple – за да управувате со сè. Само притиснете на копчето за гласовно бирање и добијте ја помошта која Ви е потребна.

Допир

Со притискање на само едно копче, може да пристапите до Вашите контакти, музика, мапи и други поддржани апликации со користење на вградениот екран на допир.

Контрола на функциите во автомобилот

Можете многу лесно да го користите CarPlay без да ги тргнете очите од патот со користење на копчињата кои се поставени на воланот и контролната табла.

APPLE АПЛИКАЦИИ

Создаваме подобар живот на патиштата

Користете ја опцијата CarPlay за да пристапите до iPhone апликациите на Apple. Јавувајте се, примајте и праќајте пораки, добијте насоки и слушајте музика – сето тоа од возачкото седиште.

Пораки

Користете ја Siri или екранот на допир за да испратите или да одговорите на текстуална порака. Тоа е многу побезбеден начин да останете во контакт со светот.

Телефон

Зборувањето при возење не мора да го одвлекува вниманието. Користете ја Siri за да се јавите или да примите повик, или пак, да преслушате говорна порака.

Maps

Apple мапи и лесни за следење насоки се точно таму каде Ви требаат – на Volvo екранот пред Вас.

Music

Музиката секогаш го прави патувањето посмирено. Слушајте плејлисти, подкасти и iTunes Radio со користење на Siri или вградените контроли во Вашиот автомобил.

Поддржани апликации

Апликации за забавно возење

CarPlay поддржува голем број апликации на Вашиот iPhone, а се повеќе се додаваат постојано. Еве дел од нашите омилени::

Spotify

Пуштете каква музика и да посакате, креирајте и споделувајте плејлисти и изградете ја Вашата најдобра и најголема музичка колекција.

Beats Music

Сервисот за проследување кој ги комбинира најдобрите музички експерти и премиум технологија за секогаш да ви ја испорача вистинската музика во вистинско време.

iHeartRadio

Слушајте илјадници радио станици во живо и креирајте сопствени станици врз основа на Вашите омилени изведувачи или песни.

Stitcher

Креирајте сопствени плејлисти од Вашите омилени вести, спортски и комични емисии и подкасти во зависност од Вашето расположение..

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.