ОРИГИНАЛНА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Со нашите додатоци за стилизирање можете да го трансформирате изгледот на Вашето Volvo за да одговара на Вашиот животен стил и практични потреби. Создадовме паметни решенија кои ќе го подобрат секое патување – изборот е Ваш. Нашите автомобили се отелотворување на скандинавскиот дизајн. Тие ја поврзуваат убавината со едноставноста и комбинираат автентични материјали со изработка која создава производ кој ќе го збогати вашиот секојдневен живот.

Мрежа за прицврстување на товар

Практична мрежа изработена од ткаенина која спречува товарот да се лизга низ товарниот простор. Изработена е од еластичен материјал за полесно складирање под неа. Мрежата се поставува на рамната површина во товарниот простор и се прицврстува за подот.

4.583,00 MKD

Носач на кука за два велосипеди

Сигурен и модерен транспортен систем за два велосипеди, кој е многу практичен и лесен за употребување на автомобили со кука за влечење. Лесно се поставува на влечната кука со склоп за лесно и брзо монтирање, додека висината при товарење е ниска. Поврзувањето помеѓу куката и носачот е преку ергономска рачка која лесно се затвора, но сепак обезбедува најдобра можна стабилност.

21.839,00 MKD