Volvo колекција

Volvo колекцијата обединува обсег на претпазливо одбрани производи кои ја следат истата цел. Материјалите и производите се од највисок квалитет – секое парче е пример за модерен, секојдневен луксуз. Без разлика дали е за дома, за во канцеларија или за Вашите патувања, Volvo колекцијата додава современ скандинавски стил во Вашиот живот. Тоа е совршеното дополнување на Вашиот автомобил.

Cordura ранец

Главната преграда е достапна преку превитканата прекривка, страничниот или горниот патент. Има внатрешен џеб која го чува Вашиот лаптоп и внатрешен патент со два помали џеба. Има волумен од 15 литри.

12.203,00 MKD

Cordura ранец Special edition

Овој ранец од ограничено издание е дизајнирано и изработено од Volvo Cars во соработка со шведскиот производител на торби Sandqvist. Изработен е од лесен, водоотпорен материјал кој е скоро невозможно да се искине. Комбинацијата на бои е ексклузивна за Volvo.

13.559,00 MKD

Volvo Ocean Race разладна торба Volvo Ocean Race разладна торба

Чувајте ги Вашите намирници изладени со оваа уникатна торба за разладување со наутички дизајн. Светската мапа е отпечатена околу торбата и Volvo Ocean Race на врвот. Внатрешноста е поделена во оддели со еластични ремени за повеќенамеснко користење. Димензии: Висина 60см, Ø 26см. Тежина: 500гр. Собира 4 шишиња од по 1,5 литри

2.365,00 MKD

Volvo Ocean Race ранец

За секоја авантура има адекватен ранец. Спакувајте ги најважните работи во овој ранец кој собира 20 литри. Неговиот елегантен дизајн се карактеризира со голем главен џеб со тапациран џеб за лаптоп кој ја чува Вашата направа. Скриениот џеб во предниот дел Ви овозможува брз пристап до помали предмети.

6.957,00 MKD

Volvo Ocean Race очила за сонце

Висококвалитетни очила за сонце со спортски стил од SUNREAD. Поларизираните „Blueray” леќи нудат 100% UVA & UVB заштита додека го намалуваат заморот на очите за да гледате подобро – околу вода, снег, песок или било која друга рефлективна околина. Имаат Volvo Ocean Race испис на едната рамка и SUNREAD на другата.

3.568,00 MKD

Volvo Ocean Race торба (Musto)

Редизајнирана за Volvo Race морнари, оваа голема торба која собира сè има 60 литри капацитет за да ги чува сите Ваши работи при рака. Преграда која се заклучува ги чува Вашите најважни поседувања сигурни, додека PVC обложената основа спречува вода да ја намокри ткаенината и да ги навлажни Вашите работи.

7.203,00 MKD