Ние го сфаќаме сервисот лично.

Ние веруваме дека сервисирањето на вашето возило треба да биде едноставно. Затоа ја реиновиравме традиционалната идеја на посета на работилница. Со прифаќање на старите методи на работа од минатото, имаме за цел да се создадеме еден нов пристап кон услугата сервис, која е личен, ефикасен и кој се грижи за вас, како што се грижи за вашиот автомобил.

Volvo Service 2.0

Наша услуга. Дизајнирана за Вас.

Поседувањето автомобил не треба да биде комплицирано. Тоа треба да биде колку што е можно полесно и попријатно искуство. Затоа ја направивме оваа единствена услуга која вклучува сè што Ви е потребно за да добиете повеќе од Вашето Volvo. Ние ова го нарекуваме Volvo Service 2.0.

Ваш личен сервисер

Ние ќе Ве запознаеме со Вашиот личен сервисер кој ќе одговори на сите прашања кои ги имате за автомобилот и ќе биде тука за да Ве посоветува и да Ви ја даде поддршката која е потребна.

Алтернативен транспорт

Нема потреба од тоа да го менувате Вашиот распоред само затоа што Вашиот автомобил е на сервис. Ние секогаш ќе Ви понудиме алтернативен транспорт за да може непречено да продолжите со нормалните активности.

Ажурирање на софтвер

Ние постојано го унапредуваме софтверот на нашите автомобили. Така што, за да сме сигурни дека постојано ја имате последната верзија, секојпат кога Вашето Volvo е на сервис, ние го ажурираме софтверот.

Темелна проверка

Нашите експерти ќе извршат темелна проверка на безбедносниот систем на Вашето Volvo, како и проверка на состојбата на акумулаторот.

Целосно чистење на Volvo

По секое сервисирање, ќе го исчистиме Вашето Volvo, однадвор и одвнатре. Така, кога ќе го преземете, тоа ќе изгледа толку добро, колку што ќе биде добро чувството при возење.

Специјализирано Volvo сервисирање

Може да добиете оригинално Volvo сервисирање само во специјализирана Volvo работилница. Уникатна комбинација од експерти, иновативни Volvo работни методи и Volvo оригинални делови.

Дополнителни Volvo услуги

Услуги дизајнирани да одговараат на Вашите потреби

Без разлика дали се работи за чистење на тапацирот, поправка на испукано ветробранско стакло или замена на гума, во нашите работилници ќе ја најдете услугата која Ви е потребна.

Замена на гуми

Само Volvo експерти знаат кој вид на гуми или бандажи одговораат на Вашиот Volvo модел. И само Volvo експерти го имаат потребното знаење, вештини и опрема која е потребна за да се погрижат за Вашето Volvo.

Професионална Volvo грижа

Обучени Volvo професионалци не само што ќе исчистат делови од Вашиот автомобил, како прозорци и врати, туку и ќе ги третираат материјалите, како кожа и текстил, на начин кој и Вие и Вашето Volvo ќе го цените.

Поправка на ветробранско стакло

Поправка или замена? Нашите обучени Volvo професионалци ќе ја проценат штетата на Вашето ветробранско стакло и ќе го поправат на начин кој најдобро одговара на Вашето Volvo. Начин кој нема да ја загрози безбедноста или перформансите на автомобилот.

Систем за контрола на климатизација

Нашите експерти ќе го проверат и исчистат Вашиот систем за контрола на климатизација, со што секогаш ќе уживате во совршена клима во Вашето Volvo, и мали недостатоцои нема да прераснат во скапи поправки.