Благи хибриди

Нашата палета на благи хибриди и други моторни погони

Конструиран да ве придвижи. Запознајте ги нашите други погони, вклучувајќи ги и балгите хибриди за намалена потрошувачка на гориво и мазно возење.

Ефикасни и моќни

Уживајте во одговорен и сигурен погон. Со енергетски ефикасните погони и можноста за погон на сите тркала, нашите автомобили се конструирани да го подобрат секое патување.

Поттикнати од одговорност

Откријте ги нашите благи хибриди. Електричната енергија го поддржува моторот за мазно и моќно возење со намалено влијание врз животната средина.

Вашата безбедност е на прво место

Без разлика кое возило на Volvo ќе го одберете, тоа е конструирано да биде еден од најбезбедните автомобили на патот. Сите возила се стандардно опремени со најновата технологија за безбедност.

Volvo V90 Cross Country

Со елегантен дизајн и способност за сите типови патишта, нашиот простран V90 Cross Country е конструиран да ви даде безбедно, удобно и возбудливо доживување во сите услови. Патувајте луксузно со овој сестран кросовер со погон на сите тркала, благ хибриден погон што ја намалува потрошувачката на гориво и има авантуристички дух.

Опции за погон

Благ хибрид

Нашите благи хибриди му даваат глаткост и електрична моќ на возењето. Батеријата од 48 V и вградениот стартер-генератор го поддржуваат моторот со согорување за намалени емисии на издувни гасови. Нема потреба од полнење: секој пат кога сопирате, батеријата се напојува со повратната енергија од сопирањето.

Мотор со внатрешно согорување

Нашите компактни, лесни бензински и дизел мотори имаат напредна технологија со ниско триење за високи перформанси и префинето возење. Возејќи во режимот ECO, ги оптимизирате моторот и менувачот за максимален досег и намалена потрошувачка на гориво.

Сакате ли поодржлив и помоќен погон?

Volvo S90 plug-in хибрид што се полни

Искусете повеќе моќ со помалку издувни гасови. Во нашата линија автомобили Recharge ќе најдете напредни, целосно електрични и plug-in хибридни автомобили. Прифатете одговорно возење што го налагаат вашите услови, но и самата иднина.