Иновации за автомобилите

Иднината на возењето

Како Volvo Cars може да Ви го промени животот

Како Volvo Cars може да Ви го промени животот

Ние ја редефинираме личната мобилност

Сакаме да обезбедиме слобода за движење на личен, одржлив и безбеден начин. Ние го правиме тоа со поставување на Вашите потреби на прво место  - користејќи ја најдобрата достапна технологија која ќе Ви послужи, создавање на нови технологии кои не постојат и комбинирање на технологиите, се со цел да се остварат Вашите потреби и да се испорачаат нови искуства.  
Ние сме посветени кон следење на следните визии:

Никој не треба да биде сериозно повреден или да загине во новиот Volvo автомобил до 2020 година.
Сакаме да вратиме една недела квалитетно време преку новиот Volvo автомобил до 2025 година.
Околу 50 проценти од автомобилите што ќе ги произведуваме и продаваме ќе бидат електрични до 2025 година.

Во Volvo Cars правиме иновации за подобар живот. Нашиот фокус си ти и твојот свет.

Откријте го нашиот пристап кон иднината на мобилноста

Håkan Samuelsson, Volvo Cars CEO & претстедател ја објаснува визијата на  Volvo Cars за иднината на мобилноста.
Слобода на движење

Håkan Samuelsson, Volvo Cars CEO & претседател објаснува како Volvo Cars
ја обликува иднината на мобилноста.

Силуета на жена со темна боја на коса, делумно осветлена
Конвергирање на технологии

Дознајте како Volvo Cars ги гледа конвергентните технологии во областите на поврзаност,
безбедност, начин на возење и промените на начинот на живот.

Ние ги правиме работите на поинаков начин

Ние секогаш ги ставаме луѓето на прво место. Ова го правиме со јасен фокус на три клучни иновативни области. Веруваме дека технологијата треба да нè ослободи - а не да не пороби. Дознајте повеќе за нашите главни области на фокусирање подолу.
Жена со црвена боја на косата и пеги, потпрена на покривот на нејзиниот Volvo V90 Cross Country, додека ветерот дува во нејзината коса
Млада девојка гледа во Шведскиот архипелаг од пространиот багажник на Volvo V60 Inscription со родителите во задниот дел.

Поврзаност

Нашата цел е да вратиме една недела квалитетно време преку новиот Volvo автомобил до 2025 година.

Предниот дел од Volvo S60 R-Design T6 во црвена металик боја, со AWD возење на мал пат за време на заоѓање на сонцето

Погон

Ние планираме 50 проценти од продажбата да биде продажба на електрични автомобили до 2025

Безбедност

Никој не треба да биде сериозно повреден или да загине во новиот Volvo автомобил до 2020 година

Колаборативен пристап

Ние веруваме дека можеме да создадеме иновации за подобра иднина. Ова е причината зошто работиме со некои од најдобрите светски технолошки компании. Соработуваме со Amazon за испорака во автомобили, со Google за следната генерација на поврзување и услуги за во автомобил и со Baidu и Uber за развој на нови автономни решенија за нивниот бизнис. Нашите партнерства и соработки се насочени кон освојување на најдобрите денешни технологии и сервиси за подобрување на Вашето искуство со автомобилот на Volvo.
Вработен од Amazon кој држи пакет и внесува податоци на својот телефон пред Volvo S90
Тројца учесници во Volvo Cars Tech Fund ги користат своите телефони за да уживаат во искуството на VR што ги прикажува иновациите на Volvo

Иновации за зелена средина

Ние имаме голема соработка со технолошки нови компании, како и со веќе воспоставени познати технолошки компании преку Volvo Cars Tech Fund, со седиште во Силиконската долина, со цел да се негуваат иновациите кои ќе ни обезбедат подобра иднина.
Прочитајте повеќе за Volvo Cars Tech Fund

Визија за работите кои следуваат

Во блиска иднина ние гледаме свет во кој целосно поврзаните, автономни електрични возила се одговор на потребите за лична мобилност. Ние го креиравме концептот 360с за да ја преставиме нашата визија за иднината. Потребите за индивидуална мобилност се равиваат. Решенијата мора да понудат безбедно, еколошко, персонално и удобно искуство при возењето. Сето ова бара нов начин на размислување за тоа што претставува автомобилот и како го користиме.
Прочитајте повеќе за 360с
Во преден план најпопуларната безбедносна иновација на Volvo Cars, безбедносниот појас со три точки, со светло кафена кожна позадина.

Иновациите никогаш не излегуваат надвор од мода

Сакаме да гледаме напред и да најдеме нови начини за да Ве воодушевиме и да го направиме Вашиот живот полесен и попријатен. Ова го правиме со години.
Истражете ги нашите врвни иновации