Bowers & Wilkins

Ексклузивно аудио за во автомобил

Пасија за звук

Непрекината и возбудлива репродукција на звукот

Аудио системот на Bowers & Wilkins дава вистинско искуство со висок квалитет и најнова аудио технологија како почетна точка. Системот е развиен во тесна соработка со инженерите на Bowers & Wilkins и сопствените аудио експерти на Volvo Cars како составен дел од дизајнот на кабината со прецизно позиционирани современи звучници.

Bowers & Wilkins претставува највисоко ниво на квалитетно аудио во моментов, што нуди целосно музичко уживање. Страста кон технологијата, иновациите и инженерингот, споени со прецизно внимание кон деталите, е она што го прави Bowers & Wilkins толку посебен. Ние нудиме Bowers & Wilkins аудио систем за нашите серии на автомобили 90 и 60.
 

Вистински звук

Нашиот Bowers & Wilkins аудио систем е креиран за да го испорача најреалистичниот и извонреден звук, со што дава исклучителна јасност и реализам на Вашата музика - каде и да седите. Овој аудио систем оди подалеку од просечното. Нашите инженери за звук направија детална анализа за добивање на совршен звук. Ова значи дека е посветено огромно внимание за да се испорача целосното музичко искуство со цел да се креира атмосфера во која слушателот целосно ќе се препушти на музиката која е пуштена. Тоа е звук кој го чувствувате, физички и емоционално, и тоа е можно само со звучното искуство кое може да го испорача True Sound. Три режими на звук Ви овозможуваат да ја рекреирате акустиката на одредени делови во Вашето Volvo, со што ќе бидете уште поблизу до самата музика.

Силен звук на највисоките тонови

Броевите се импресивни: еден 12-канален засилувач, извонредни 1400W на излез и до 19 одделни високо квалитетни звучници, вклучувајќи и две автомобилски иновации: единствен нискотонец за отворен простор и централен звучник со високотонец кој се свртени кон патниците за детален и оригинален звук. Целото искуство изобилува со квалитет и начин на изработка.