Млада жена ја користи Volvo on Call апликацијата

Volvo On Call

Контрола и удобност

Поврзана технологија која го олеснува Вашиот живот

Луксузно искуство на Ваша команда

Volvo On Call ги комбинира мобилната апликација, wi-fi во автомобилот и поврзаните сервиси за заштеда на време дизајнирани да го направат Вашиот живот полесен и поудобен.
Претплатете се или обновете ја Вашата претплата

Карактеристики на апликацијата Volvo On Call

Далечинско одмрзнување на Volvo автомобилот преку апликацијата.

Ладно кога е топло и топло кога е ладно

Со нашата далечинска контрола на климата повеќе нема да има потреба да носите капут во автомобилот. Може да го програмирате грејачот за паркирање (ако е достапен) да го загрее автомобилот и да ги одмагли прозорците пред да влезете во него. Од 2015 година па навака, автомобилите на Volvo нудат стартување на моторот далечински за да може да ја загреете или оладите кабината.

Откријте нови места

Пред да излезете испратете ја дестинацијата на Вашиот навигациски систем користејќи ја Volvo On Call апликацијата и може да ја користите кога ќе бидете спремни. Планирајте го Вашето патување и добијте го приближното времетраење до дестинацијата пред да влезете во автомобилот со помош на Volvo On Call вградената мапа. Исто така може да пронајдете и паркинг места, информации за паркингот и да ги испратите како дестинација на Вашето Volvo.
Volvo On Call пронаоѓа паркинг места
Volvo On Call далечински карактеристики

Брави, гориво, одржување, дневник за возење

Volvo On Call Ви ги презентира сите информации кои Ви се потребни да ги знаете за Вашиот автомобил - без разлика дали е заклучено возилото или во движење. Може да добиете информации за опсегот на гориво, температурата надвор од автомобилот, пристап до корисничкото упатство, потребите за одржување и дневникот за возење кои може да Ви помогнат во следење на личните и бизнис потреби на автомобилот вклучувајќи ги патувањата и километражата која се изминала. Исто така ќе Ве информира доколку се активира алармот.
Календарот е поврзан со Вашиот Volvo автомобил
Поврзете се со Вашиот календар

Со поврзување на апликацијата Volvo On Call со Вашиот календар, апликацијата може да Ве потсети кога е време да тргнете и да ја прати локацијата на Вашиот состанок директно до навигацискиот систем на Volvo.

Карактеристики на функцијата за паркирање преку апликацијата Volvo On Call.
Каде паркиравте?

Дали некогаш сте имале проблем при барање на Вашиот автомобил во голем паркинг? Volvo On Call ќе Ви помогне да го лоцирате Вашиот автомобил користејќи ја мапата на самата апликација. Исто така имате можност преку апликацијата да ги запалите светлата на автомобилот и да ја вклучите свирката, со цел послено да го пронајдете Вашиот автомобил.

Дополнителни карактеристики на Twin моторот.
Имате Twin мотор?

Корисниците на автомобили со Twin мотор (PHEV/Plug-in хибридите) имаат пристап до голем број дополнителни паметни функции преку мобилната апликација Volvo On Call, како што се пред загревање и ладење, одложено полнење, статус на батеријата, омилени локации на полнење и известување за полнење доколку не биде поставен автомобилот да се полни во предвиденото време.

Споделете го автомобилот со Вашето семејство и пријатели

Volvo On Call нуди споделување на автомобилот со други лица на одредено време. Без разлика каде се наоѓа Вашиот автомобил, може да им одобрите на Вашите пријатели или роднини директен пристап. Тие може да го отклучат автомобилот преку нивниот паметен телефон и да го активираат специјалниот клуч кој работи само во времетраењето кое Вие го имате избрано и за кое давате дозвола да се вози автомобилот. Паметно, лесно и безбедно. Опцијата за споделување на автомобилот е достапна за XC40 кај одредени пазари.
Volvo On Call, карактеристики за опцијата за споделување на автомобилот

Ние се грижиме за Вас

Центар за грижа на корисници

Центар за грижа на корисници

Со помош на Volvo On Call може да се опуштите и да добиете инстантни информации и лична поддршка со само едно притискање на копче (достапно кај одредени пазари). Доколку возите низ голем сообраќаен метеж и барате одреден ресторан или друг вид на објект, можете едноставно да притиснете на копчето On Call за да стапите во контакт со Volvo On Call операторот. Кажете му на операторот што точно барате и за неколку секунди Вашата Sensus навигација ќе започне да Ве води до посакуваната локација. Можеби сакате да се јавите кај некоја личност, но не го знаете телефонскиот број? Притиснете на копчето и Volvo On Call операторот ќе Ви го испрати бројот или ќе Ве поврзе веднаш. Volvo On Call е исто како да имате личен асистент на Ваша страна, 24/7.

Во случај на итна ситуација

Доколку Ви е потребна помош на патот или служба за итни случаи, Volvo On Call операторите се тука за Вас. За итни случаи едноставно притиснете на SOS копчето кое се наоѓа над внатрешниот ретровизор. За помош на пат, притиснете на копчето Volvo On Call. Ако се активираат воздушните перничиња или затегнувачите на безбедносните појаси, Вашиот автомобил автоматски ќе испрати порака до Volvo On Call операторот, кој веднаш ќе Ви се јави за да праша што се случило и дали е се во ред. Ако не се јавите на повикот од операторот, тој веднаш ќе испрати служба за брза помош на Вашата локација. 
Volvo On Call, SOS копче
Автомобилот овозможува Wi-Fi Hotspot

Wi-Fi Hotspot

Во секој момент може да го поврзете Вашиот Volvo на интернет и да ги пристапите in-car апликациите (апликациите за автомобил) преку креирање на конекција помеѓу Вашиот паметен телефон и автомобилот. Преку Volvo On Call може да создадете посилна и посигурна конекција преку креирање на Wi-Fi hotspot во самиот автомобил, кое има капацитет за поврзување до осум уреди. Тоа е возможно преку вградениот модем на Volvo On Call системот и дополнителната SIM картичка. Вашиот 4G (во зависност од моделот) сигнал е силен и конзистентен бидејќи ја користите антената од покривот со што е олеснат и убрзан пристапот до интернет. Понекогаш Вашиот паметен телефон може да има потешкотии во барање на сигналот внатре во автомобилот, па затоа Вашиот Volvo On Call систем може да фаќа сигнал многу подобро. Исто така со постојаниот пристап до интернет се обезбедува регуларно ажурирање на мапите од навигацијата.

Превземете ја апликацијата Volvo On Call

Може да ја превземете апликацијата и да ја пробате нашата демо верзија со што ќе ги истражите некои од функциите наведени погоре користејќи го Вашиот паметен часовник, паметен телефон или таблет.