Погон

Ефикасна моќност денес

Технологија за електрични, plug-in или mild хибриди

Движење кон повнимателна насока

До 2025 околу 50 проценти од продажбата на автомобили ќе биде продажба на електрични автомобили.  

Светот се менува и ние исто така. Во Volvo Cars климатските промени и загадувањето ги сфаќаме многу сериозно.  
Веќе имаме голема понуда на наградувани Plug-in хибриди и неодамна го воведовме и нашето решение за Mild хибриди. Нашите целосно електрични возила се на пат кон реализација.
 
Континуирано движење

Во Volvo Cars, нашата технологија за мотор е базирана на концептот на ефикасна моќност без компромис. Ние заземаме модуларен пристап кон инженерството на мотори, така што нашите основни моторни архитектури може да испорачаат уникатни атрибути на моторот и може да се комбинираат со електрификацијата. Но, тоа не завршува тука. Подолу можете да дознаете повеќе за различните типови мотори и погонски системи што ги имаме денес и оние кои ќе почнеме да ги нудиме во блиска иднина.

Иднината е во електричните автомобили

За ова сме сигурни. Ние веруваме дека до 2025 околу 50 проценти од годишната продажба на автомобили ќе биде продажба на целосно електрични автомобили.

Plug-in хибриди

Нашиот Plug-in хибрид со Twin мотор нуди бескомпромисна мешавина од перформанси, уживање во возењето, ефикасност, интериер, простор во багажникот и флексибилност.

Мотори со внатрешно согорување

Нашите наградувани мотори доаѓаат со напредна подобрена технологија која обезбедува активна моќност по ваша желба преку иновативната употреба на турбината и суперчарџерите.

Одржливо размислување

Omtanke е шведски збор кој означува грижа и размислување, а исто така и „да се размисли повторно". Тоа ја одразува нашата заложба за заштита на она што е важно за вас и за општеството во кое живееме. Прочитајте повеќе за нашиот пристап кон одржливоста - од етички бизнис-практики до заштита на животната средина.
Прочитајте повеќе

Доживејте ги нашите иновации во реалноста

Закажете тест-возење

Откријте ги нашите преостанати иновации

Инспирирани од речиси еден век иновации што го менуваат светот, ние секогаш дизајнираме автомобили што ги ставаат луѓето на прво место.