Мотори со согорување

Ефикасна моќност без компромис

Наградувани мотори со напредно подобрување

Напредно подобрување

Нашите мотори со согорување и со три или четири цилиндри се базирани на концептот на ефикасна моќност без компромис. Нашиот модуларен пристап кон моторното инженерство значи дека нашата основна архитектура на самиот мотор може да понуди карактеристични моторни атрибути и исто така може да се комбинира со погонот на нашите нови електрични возила. Нашите наградувани мотори доаѓаат заедно со напредно подобрената технологија која нуди пристапна моќност во секој момент благодарение на употребата на турбината и суперчарџерите или преку моменталната електрична сила кај нашите plug-in хибриди со двоен мотор и нашата mild хибрид технологија.  

Суперчарџери и турбина

Напредното подобрување Volvo го однесе на едно сосема ново ниво користејќи го модуларно базираниот систем за полнење кој на Volvo корисниците им нуди избор од нивоа на моќност и атрибути за перформансите на моторот. Напредното подобрување означува дека нашите компактни мотори со три или четири цилиндри може да понудат нивоа на моќност еквивалентна со шест или осум цилиндри со голема моќност во поширок опсег на брзина. Ние ги користиме најсовремените системи за полнење кои се состојат од полначи за турбината и суперчарџери дизајнирани според прецизни спецификации за да се обезбеди подобрена потрошувачка на гориво, водечки перформанси и удобност при возењето. Суперчарџерите нудат сила на ниски вртежи. Турбините нудат моќ во форма на коњски сили. Под 3500 вртежи во минута, суперчарџерите и турбината се активни. Над 3500 вртежи во минута, активна е само турбината. Користиме високо ниво на низок притисок за турбината и висок капацитет на притисокот при големи вртежи за максимална излезна моќ. Кога се заедно комбинирани, суперчарџерот и турбината, даваат мазна, непрекината и соодветна сила на нашата Drive-E моќност. 

Plug-in хибрид

Технологијата на Volvo за Twin моторите во суштина е комбинација на мотор со внатрешно согорување и електрична енергија. Електричната енергија се складира во батерија со висок напон.  Оваа технологија е попозната како Plug-in хибридна технологија (PHEV).
Прочитајте повеќе