Woman standing by her Volvo  XC60 next to the ocean

ЕФИКАСНА МОЌНОСТ ОД VOLVO CARS

Електричните автомобили - иднината на мобилноста

Целосно електричните автомобили, plug-in хибридите и mild хидбирдната технологија ќе го промени начинот на кој се движите.

Време за промена

Во 2017 година се обврзавме да го електрифицираме секој автомобил од нашата понуда за подготовка за новата модерна ера од моторот со внатрешно согорување. Таа ера започнува сега. Бидете дел од оваа промена. Работевме со електричен погон уште од 1970-тите и научивме многу од тогаш па до денес, од пуштање во јавноста на тест групата на C30 батерија за електричните возила во 2010 година па се до лансирање на еден од првите plug-in хибридни дизел автомобили во светот во 2012 година.

Технологија

Ги вклучивме најновите технологии за батериите и погонот со цел полесно и поудобно префрлање кон електричните автомобили.

Mild хибрид

Mild хибридите овозможуваат беспрекорно и поефикасно возачко искуство

Plug-in хибриди

Нашиот Twin мотор нуди перформанси без напор и нула штетни емисии.

Целосно електрични автомобили

Индината е во бесчујно возење со нула штетни емисии.

Понудата на електрични автомобили на Volvo

XC90 T8 Twin мотор

401 кс
до 7 патници

S90 T8 Twin мотор

401 кс
до 5 патници

XC60 T8 Twin мотор

401 кс
до 5 патници

Volvo XC60 plug-in хибрид со twin мотор додека се полни

Технологија која ги овластува луѓето

Ние сме горди на нашите дизајни за автомобили кои го прават животот полесен и поудобен. Клучот на нашите дизајни е разбирање на технологијата и максимално искористување на истата. Ова е основниот принцип што важи за се што правиме.
Inner structure of the Volvo Lithium-ion battery technology used to power our Twin Engine cars
Технологија за батеријата

Технологијата за батериите брзо напреднува. Со што електричните автомобили сега претставуваат практична и паметна алтернатива на автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Ние користиме литиум-јонски батерии за напојување на нашите автомобили со Twin мотор. Овие батерии се дизајнирани да траат доживотно заедно со возилото.

Black Volvo S60 Polestar engineered twin engine plug-in hybrid charging outside home over night
Pure (чист) режим

Кога го возите Вашиот Volvo автомобил со Twin мотор или целосно електричен автомобил на Volvo во Pure режимот, веднаш ќе забележите промени: многу е потивок во однос на автомобил кој користи мотор со внатрешно согорување. Исто така ќе забележите зголемени перформанси при тргнување благодарение на моменталната испорака на чиста моќ до тркалата.

Woman sitting in the drivers seat of her comfortable Volvo

Често поставени прашања

  • Зошто Volvo реши да се префрли кон електрични автомобили?

    Ние правиме истражувања и иновации во полето на електричните батерии за автомобиле уште од 1970 година. За нас ова е природна прогресија во однос на технологијата и нашата посветеност кон одржлива мобилност и намалување на штетните емисии. 

  • Кои се основните придобивки на електричните возила во однос на стандардните?

    Електричните возила нудат многу придобивки - намалување на штетните емисии, намалување на трошоците за гориво и поголемо забрзување при тргнување.

  • Дали електрините возила се поскапи од стандарните бензиски или дизелски возила?

    Зависи. Наскоро ќе понудиме неколку електрични возила кои вклучуваат mild хибрид, plug-in хибрид и целосно електрични возила. Електричните возила имаат помало одржување и помала потрошувачка на гориво, а цената на батеријата за полнење е на завидна позиција со што многу поразумно е да купите електрично возило.

  • Што е plug-in хибридно возило?

    Plug-in хибриден автомобил, исто така познат и како PHEV, е автомобил кој користи два типа на мотори, оној за внатрешно согорување и електричен мотор со батерија, со цел да се обезбеди сила за движење на тркалата.

  • Каков тип на батерија користи Volvo во plug-in хибридните модели со Twin мотор?

    Volvo користи литиум-јонски батерии во своите автомобили со Twin мотор. Батеријата е дизајнирана да трае доживотно со автомобилот.

  • Што претставува чист електричен опсег кај plug-in хибрид?

    Нашите plug-in хибридни Twin мотори се дизајнирани да ги задоволат просечните дневни потреби. Опсегот варира во зависност од моделот, стилот на возење, топографијата и условите на патот. Главната придобивка кај plug-in хибрид е тоа што секогаш го имате моторот на гориво како резерва, па затоа опсегот никогаш не претставува проблем. 

  • Како и каде може да го полнам автомобилот?

    Повеќето луѓе го полнат возилото дома, преку ноќ, со помош на ѕидниот полнач во нивната гаража. Други практикуваат полнење на возилото на работното место или на некој од јавните централни места за полнење на електрични возила, кои се полесно може да се најдат.

  • Колку долго трае полнењето на батеријата?

    Времето на полнење во голема мера зависи од изворот на струја и од струјата што се испорачува. Ќе најдете конкретно време за полнење во техничките спецификации за секој достапен електричен модел.

  • Кои модели на Volvo се достапни како plug-in хибридни модели со Twin мотор?

    Нашите серии 90 и 60 се достапни со технологијата за Тwin мотор. Овие возила ќе бидат придружени од XC40 во блиска иднина.