Оптимизирање на моторот со внатрешно согорување

Mild хибридна технологија

Volvo секогаш се предводи од идејата да се направат работите подобри. Нашиот потек кон електричните возила вклучува pre-electric автомобили, plug-in хибриди, а сега и mild хибридни погонски системи кои овозможуваат полесно возачко искуство и ново ниво на ефикасност.

Нова генерација на моќност

Mild хибридите нудат ефикасно погонско решение кое активно го намалува товарот на моторот, а со тоа се подобрува и економичноста на горивото и се подобрува возачкото искуство при возењето. Mild хибридот го комбинира електричниот мотор, батеријата од 48 волти и моторот со внатрешно согорување од 12 волти/48 волти. Исто така работи и како генератор со што ја собира енергијата која се создава при сопирање и ја складира во батеријата од 48 волти. Со ова се обезбедува електрична енергија за подобрување на забрзувањето.

Често поставени прашања

  • Што претставува mild хибрид?

    Mild хибридот исто така се смета за електричен автомобил. Овој тип на хибрид користи два мотори, оној со внатрешно согорување и електричен мотор со што се намалува емисијата на штетни гасови и се подобрува економичноста на горивото. Тоа се прави со користење на складираната енергија во батеријата од 48 волти, која се создава при сопирање. Оваа енергија подоцна се користи како поддршка за моторот со внатрешно согорување при тргнување и запирање.

  • Дали електричниот мотор го движи mild хибридот?

    Не. Електричниот мотор служи како помошник на моторот за да помогне со намалување на работата која треба да се изврши.

  • Кои се главните придобивки од mild хибрид?

    Mild хибридот нуди намалена потрошувачка на гориво и помала емисија на штетни гасови. Mild хибридите се попристапни од целосно хибридните возила или plug-in хибридите.

  • Која е разликата помеѓу mild хибрид, целосен хибрид и plug-in хибрид?

    Mild хибридот го користи електричниот мотор за да му помогне на моторот со внатрешно согорување. Целосниот хибрид има поголем електричен мотор и батерија во споредба со mild хибридот. Целосниот хибрид може да го полни автомобилот користејќи го електричниот мотор за кратки релации и да ја дополнува бетеријата користејќи го моторот или преку регенеративното сопирање. Plug-in хибридот може да се полни со помош на приклучок во вашата гаража или на некое од јавните места за полнење. Plug-in хибридот нуди поголем чист електричен опсег благодарение на поголемата батерија и електричен мотор. Plug-in хибридот ќе ги задоволи дневните потреби за возење на повеќето луѓе.