Volvo V60 T6 parked

Twin мотор од Volvo

Plug-in хибридна технологија

Нашата plug-in хибридна технологија ја викаме Twin мотор. Оваа напредна технологија ги комбинира лесните перформанси со режимот на возење за да се задоволат сите потреби.

Volvo centre display showing the different drive mode alternatives

Plug-in кон иднината

Нашите автомобили со Twin мотори нудат најмоќно и најекономично возачко искуство кое е достапно на пазарот. Бескомпромисна комбинација од чиста енергија во батеријата и економичен бензиски мотор даваат ново значење на зборот флексибилност и нудат возачко искуство кое нема да го заборавите.
Volvo centre display showing the different drive mode alternatives

Режим на возење за секоја прилика

Ние ги дизајниравме нашите Twin моторски plug-in хибридни модели да ги задоволат остроумните потреби на нашите возачи. Од големиот опсег на режими на возење кои се достапни ќе уживате во возењето преку Pure режимот, за поголема моќност Power режимот или за максимизирање на ефикасноста со Hybrid режимот.

Pure

Во Pure режимот, Вашиот автомобил користи само електрична енергија. Целосно наполнета батерија во Pure режимот ќе им овозможи на повеќето луѓе да стигнат до своето работно место и назад со што ќе се елиминираат штетните емисии и ќе се намалат трошоците за гориво.

Hybrid

Во Hybrid режимот, Вашиот Twin мотор го користи електричниот мотор и моторот за внатрешно согорување за да се постигне најдобар ефект, да се максимизира ефикасноста и да се минимизираат емисиите на штетни гасови. Режимот Hybrid е оптимален за повеќето услови при возењето.

Power

Кога сакате спортско возачко искуство, едноставно одберете го Power режимот. Овој режим ја комбинира моќноста од двата мотори за да понуди вистинско возење со високи перформанси.

Полнење и Возење

Не постои подобар момент да се се префрлите кон електричните автомобили. Нашите автомобили се дизајнирани земајќи ги во предвид самите возачи со цел да се добие поголемо уживање и полесно користење при секојдневното возење.

Volvo Wall box
Полнење на Вашето Volvo

Без разлика дали го полните автомобилот дома, во канцеларија или во центарот на градот, полнењето ќе биде лесно исто како полнење на телефон.

Finger switching between drive modes in a Volvo plug-in hybrid Twin Engine
Одберете го Вашиот режим на возење

Нашите plug-in хибридни Twin мотори нудат најразлични режими на возење за да одговараат на секоја пригода - од целосен Power режим, Pure електричен режим и балансиран Hybrid режим.

Електричен опсег на Volvo

XC90 T8 Twin мотор

401 hp
до 7 патници

S90 T8 Twin мотор
S90 T8 Twin мотор

401 hp
до 5 патници

XC60 T8 Twin мотор

401 hp
до 5 патници

Често поставени прашања

  • Зошто Volvo реши да се префрли кон електрични автомобили?

    Ние правиме истражувања и иновации во полето на електричните батерии за автомобиле уште од 1970 година. За нас ова е природна прогресија во однос на технологијата и нашата посветеност кон одржлива мобилност и намалување на штетните емисии. 

  • Кои се основните придобивки на електричните возила во однос на стандардните?

    Електричните возила нудат многу придобивки - намалување на штетните емисии, намалување на трошоците за гориво и поголемо забрзување при тргнување.

     

  • Дали електрините возила се поскапи од стандарните бензиски или дизелски возила?

    Зависи. Наскоро ќе понудиме неколку електрични возила кои вклучуваат mild хибрид, plug-in хибрид и целосно електрични возила. Електричните возила имаат помало одржување и помала потрошувачка на гориво, а цената на батеријата за полнење е на завидна позиција со што многу поразумно е да купите електрично возило.

  • Што е plug-in хибридно возило?

    Plug-in хибриден автомобил, исто така познат и како PHEV, е автомобил кој користи два типа на мотори, оној за внатрешно согорување и електричен мотор со батерија, со цел да се обезбеди сила за движење на тркалата.

  • Каков тип на батерија користи Volvo во plug-in хибридните модели со Twin мотор?

    Volvo користи литиум-јонски батерии во своите автомобили со Twin мотор. Батеријата е дизајнирана да трае доживотно со автомобилот.

  • Што претставува чист електричен опсег кај plug-in хибрид?

    Нашите plug-in хибридни Twin мотори се дизајнирани да ги задоволат просечните дневни потреби. Опсегот варира во зависност од моделот, стилот на возење, топографијата и условите на патот. Главната придобивка кај plug-in хибрид е тоа што секогаш го имате моторот на гориво како резерва, па затоа опсегот никогаш не претставува проблем. 

  • Како и каде може да го полнам автомобилот?

    Повеќето луѓе го полнат возилото дома, преку ноќ, со помош на ѕидниот полнач во нивната гаража. Други практикуваат полнење на возилото на работното место или на некој од јавните централни места за полнење на електрични возила, кои се полесно може да се најдат.

  • Колку долго трае полнењето на батеријата?

    Времето на полнење во голема мера зависи од изворот на струја и од струјата што се испорачува. Ќе најдете конкретно време за полнење во техничките спецификации за секој достапен електричен модел

  • Кои модели на Volvo се достапни како plug-in хибридни модели со Twin мотор?

    Нашите серии 90 и 60 се достапни со технологијата за Тwin мотор. Овие возила ќе бидат придружени од XC40 во блиска иднина.