Безбедност

Го штитиме тоа што е важно

Поврзана, активна и пасивна заштита

Некои работи стануваат подобри секој ден

Нашата визија е дека никој не смее да биде сериозно повреден или да загине во новите Volvo автомобили до 2020.    
Од 1927 година, кога основачите на Volvo решија да се фокусираат на безбедноста како една од клучните вредности на компанијата, станавме лидери во ова поле. Овој наш став никогаш нема да се промени. Она што ќе се промени се мноштвото на технологии кои ги користиме за да се подобри искуството при возењето и безбедноста.

Иницијатива E.V.A.

Го споделуваме нашето истражување за да ги направиме автомобилите безбедни за секого

Безбедност која Ве ослободува

Нашиот фокус за заштита и грижа за луѓето го направи Volvo лидер во безбедноста, инспиративните иновации како што се дизајнот и имплементацијата на првиот безбедносен појас од три точки, првото засилување на безбедноста за децата и системот за заштита од страничен удар (SIPS) кои помогнаа да се спасат безброј животи и да се спречат повреди на генерации луѓе низ целиот свет. Овие иновации се резултат на пристапот на Volvo кон безбедноста - систематски пристап базиран на реални ситуации кои се единствени во автомобилската индустрија.
Дознајте повеќе за нашето залагање за безбедноста
Безбедност и технологија за помош на возачот

IntelliSafe е дизајниран за да понуди безгрижност и удобност со тоа што Ви нуди да останете во целосна контрола.

IntelliSafe Стандард

Volvo нуди еден од најсовремените безбедносни системи како стандардна опрема во вашиот нов Volvo. Секој нов Volvo вклучува голем број напредни функции за помош на возачот, од атвоматско сопирање и помош при управување со воланот до нашиот патентиран безбедносен кафез.

IntelliSafe Surround

Нашиот опционален IntelliSafe Surround пакет вклучува BLIS - Blind Spot Information (информации за слепите точки) со управувачка помош, информации за сообраќајот со поддршка за сопирачките и предупредување за судир при возење во рикверц, со што Ви нуди поддршка и ги обезбедува сите информации за возилата или објектите во Ваша близина.

IntelliSafe Assist

Опционалниот пакет IntelliSafe Assist вклучува сè што ви е потребно за да овозможите контролирано и релаксирано искуство при возењето - особено на автопат. IntelliSafe Assist вклучува адаптивен темпомат, помош при возење, сигнализација за растојание (само во комбинација со екранот).

Истражете ги нашите преостанати иновации

Инспирирани од речиси цел век иновации кои го менуваат светот, ние секогаш дизајнираме автомобили кои ги ставаат луѓето на прво место.