E.V.A. Иницијативата

Сите треба да бидат заштитени во автомобилите

Некои луѓе се побезбедни на патиштата од другите. Затоа е време да го споделиме 40 годишното истражување - да ги напраавиме автомобилите безбедни за секого.

Помогнете ни да ги направиме сите автомобили еднакво безбедни

Кога жена ќе влезе во автомобилот, таа претпоставува дека е безбедна. Но, во 2019 година, повеќето производители на автомобили, се уште произведуваат автомобили базирани на податоци од краш тестови каде возачот е маж.

Но, ова не е случај и кај Volvo . Нашиот тим за истражување на незгоди, собира податоци од реалниот свет од 1970 година со цел подобро да разбереме што се случува при сообреќајна незгода. Она кое Volvo го согледа во овие податоци е тоа дека има еднакво појавување на мажи и жени. Затоа сметаме дека тестовите треба да се прават на двата пола подеднакво. Со E.V.A, ние го споделуваме тестирањето кое трае повеќе од 40 години. Со тоа што ќе дозволиме секој да го превземе ова истражување, се надеваме дека ќе ги направиме сите автомобили подеднакво безбедни. Затоа што во Volvo, луѓето се секогаш на прво место.
 

“Со собирање на податоци од реалниот свет веќе подолг период, можеме да ги забележиме повредите во различни незгоди за мажи, жени и деца,”



says Др. Лота Јакобсон, технички специјалист во Volvo Cars Safety Centre.

Резултатот од 40 годишно истражување

Во 1970 беше формиран тимот на Volvo Traffic Accident Research. Од тогаш, тимот собира и анализира податоци од повеќе од 40.000 автмобили и 70.000 патници. Ова доведе до многу иновативни системи кои денес ги имаме во нашите автомобили.

Седиштето кое го намалува ризикот при удар

Жените се изложени на поголем ризик од повреди отколку мажите. Ова може да се заклучи поради различната анатомија и сила на телото. Но, тоа не е така во седиштето на Volvo. Благодарение на нашиот Whiplash систем за заштита, WHIPS, кој комбинира уникатен робустен потпирач за глава со паметен дизајн на седиштето кој е направен со цел за да ги заштити и главата и 'рбетот, ние повеќе не гледаме разлика во ризикот за опасност меѓу мажите и жените.

Интелигентен безбедносен штит

Жените се со поголема веројатност да страдаат од повреда на градите во сообраќајна несреќа од мажите поради разликите во анатомијата и силата на градниот кош.

За оптимална заштита, континуирано ја развивавме нашата структура на возилото, сигурносниот појас и страничните воздушни перничиња за да го минимизираме влијанието врз патниците. Иновацијата на Volvo, SIPS (систем за заштита од страничен удар), се потпира на интелигентна структура за да ја зголеми севкупната безбедност. Всушност, SIPS заедно со воздушното перниче со странично влијание, ги намалува тешките повреди на градниот кош за повеќе од 50% за сите патници.

Заштита за секоја глава

Жените имаат специфични потреби за заштита од странични влијанија. Колку е пократок човекот, толку е помал во автомобилот и поблиску до воланот  - што ја прави надуваната завеса што го покрива целосно прозорецот витална безбедносна карактеристика.

Заедно со SIPS, воздушното перниче од страна го намалува ризикот од повреди на главата со приближно 75%. Се пумпа за 1/25 секунди и спречува главата дојде во контакт со предметите од надворешноста на автомобилот и другите елементи. Тоа беше првиот систем на воздушни перничиња кои нудеа подобрена заштита за патниците на предните и задните седишта, со што сме еден чекор понапред.
 

Најефективен појас во сообраќајот

Досега, нашиот сигурносен појас има зачувано повеќе од еден милион животи, ги штити сите - без оглед на вашата големина, пол или форма на телото. Но, сепак една група е предмет на повеќе уникатни ризици од другите: бремени жени.

Како еден од најважните пронајдоци во безбедноста, нашиот сигурносен појас нуди голема заштита за сите видови несреќи. За да дознаеме повеќе за мајката и нејзиното неродено бебе, ја развивме првата бремена кукла за тест. Тоа е компјутерски модел кој овозможува да се проучи како се движи патникот и како безбедносниот ремен и воздушно перниче влијаат врз жената и фетусот.
 

“Автомобилите се управувани од луѓето. Принципот по кој се водиме во Volvo е дека безбедноста е секогаш на прво место.”



Густав Ларсон, ко-основач на Volvo

Повеќе за безбедносните иновации на Volvo

Како несреќите можат да ги направат автомобилите безбедни за секого

Од 1950 година, па се до сега имаме проучено повеќе од 43.000 автомобили во реални незгоди со повеќе од 72.000 патници. Како резултат на тоа, ова придонесе за многу иновативни системи како што се WHIPS, SIPS и бројни безбедносни производи за деца. Сега собравме повеќе од 100 научни трудови, достапни за секој да ги преземе. Се надеваме дека ова ќе доведе до побезбедни автомобили за сите - без разлика на пол и големина.

E.V.A. - EQUAL VEHICLES FOR ALL

Често поставени прашања

  • Колку време Volvo тестира незгоди со женски кукли?

    Ние тестиравме со женска кукла од 1995 година, почнувајќи од единствената мала женска кукла за фронтален тест, HIII 5th percentile. Во 2001 година ние вклучивме средна големина на кукла, SID2s. Како прва светска кукла од средна големина развивме и виртуелен модел на бремена жена во раните 2000-ти. Десет години подоцна, го проширивме семејството од кукли за тестирање со женска кукла која може да ги покаже повредите на 'рбетот и вратот. Со тоа сме единствен производител на автомобили во ко-развојот на EvaRID.

  • Како Volvo развива безбедни автомобили базирани на реални податоци?

    Податоците од Volvo автомобилите во Шведска се добираат и се складираат во Volvo Cars Statistical Traffic Accident Database од 1970 година. Целта е да се обезбедат голем број на достапни информации за видовите на повреда кои се појавуваат во врска со специфични несреќи. Резултатите тогаш може да се применат. Добрата вест е што со години собравме податоци на ист начин, што овозможи да го напишеме нашиот напредок и да ја подобриме стапката на успех во текот на годините.

  • Од колку незгоди, Volvo собра податоци?

    Во една претходна студија во 1967 година започнавме со 28.000 случаи. Од 1970 година во нашата статистичка база сме вклучиле повеќе од 43.000 автомобили во реални несреќи со 72.000 патници. Покрај тоа, ние ги користиме податоците од неколку бази на податоци на глобално ниво кога ја правиме нашата анализа.

  • Од кое знаење се состои E.V.A. иницијативата?

    Знаењето кое сте во можност да пристапите и да го преземете преку овој проект е збирка од повеќе од 100 научни трудови. Тоа е збирка на дел од истражувањата зад развојот на иновациите за безбедност во Volvo Cars од 1950-тите.

  • Дали треба да носам безбедносен ремен во Volvo?

    Да, безбедносниот ремен е сè уште најефикасен начин да се спасат животи и да се намалат повредите во сообраќајни несреќи. Исто така, тоа е задолжително во речиси сите земји во светот. Безбедносните ремени на Volvo постојано се рафинираат и понатаму ја подобруваат безбедноста за сите.

Безбедност која има корист од сите

Почнавме да правиме автомобили, бидејќи верувавме дека никој друг не направил автомобили доволно безбеден за шведските патишта. Со текот на годините, оваа обврска за безбедност ја комбинираме со знаење од реални несреќи. Ова доведе до уникатни безбедносни иновации - SIPS, WHIPS и IC - кои сега се стандард кај сите понови модели на Volvo.