IntelliSafe Assist

Системи за помош при возење

Помошта е тука кога Ви е потребна

Овластено возење

IntelliSafe Assist е пакет на функции кои обезбедуваат високо ниво на колаборација, удобност и интелигентна помош за секојдневните сообраќајни ситуации, дизајнирани да го намалат когнитивното оптоварување и да ви овозможат да се фокусирате на вашето уживање во возењето. Карактеристики вклучуваат адаптивен темпомат, помош при управување, прилагодување на брзината при кривини и сигнализација за растојание. Дознај повеќе подолу.

Pilot Assist

Pilot Assist системот е дизајниран да обезбеди колаборативна, интелигентна и директна помош додека возачот постојано ја има контролата во свои раце. Pilot Assist го намалува притисокот на возачот во досадни ситуации на возење и ја зголемува безбедносната граница. Системот овозможува подобрена брзина и одржување на растојанието, како и поконзистентна и попрецизна позиција во лентата. Кога е активиран системот, тој има позитивен ефект при настанување на конфликт - ефикасноста во управувањето со вонредни ситуации и сопирањето е подобрена.

Pilot Assist системот работи на брзина до 130 км/ч и е особено корисен на автопат, помагајќи да се намали потребниот напор при возење со поголеми брзини. За ЕУ и САД, Pilot Assist е поврзана со системот за навигација и има функција на ""електронски хоризонт"" со што се зголемува точноста и перформансите при возење во кривини. Западно-европските пазари имаат корист од Curve Speed Adaption (Прилагодување на брзината при кривини), функција која користи податоци за мапи за да ја приспособи брзината при возење во кривини на удобно ниво.

Додека го користите системот Pilot Assist, мора да ги држите рацете на воланот и да го гледате патот пред вас во секое време.
 

Адаптивен темпомат

Помош за одржување на претходно поставеното растојание со возилата пред вас на било која брзина до 200 км/ч. Адаптивниот темпомат е помошен партнер при секое патување и нуди порелаксирано возачко искуство, со што се намалува притисокот на возачот при досадни ситуации на возење. Исто така, нуди попрецизни безбедносни маргини на возилото пред вас.

Едноставно одберете ја саканата брзина и растојанието со возилото пред вас. Кога радарскиот сензор детектира побавно возило напред, брзината автоматски се прилагодува со брзината на возило пред вас. И кога патот е празен, автомобилот продолжува со избраната брзина. Секогаш кога сакате, може исто така да изберете конвенционален темпомат.
 

Предупредување за растојанието

Ако адаптивниот темпомат е исклучен и возилото пред вас премногу се доближи до вашето, функцијата за предупредување на растојанието ќе се активира и ќе се поајви предупредување кое што ќе Ви помогне да задржите безбедно растојание. Оваа функција е достапна во автомобилите кои располагаат со Head-Up екран.