IntelliSafe Standard

Безбедност од Volvo Cars

Дефинирање на безбедноста на автомобилите

Високи стандарди

IntelliSafe е она што ние го нарекуваме стандардна безбедносна опрема со која се опремени сите нови  автомобили на Volvo. Ова високо ниво на безбедност во сите нови возила на Volvo е витален елемент во остварување на нашата визија за намалување на безбедносните конфликти на сите возила. Прочитајте повеќе за некои од клучните елементи и како сите тие помагаат кон остварување на нашата визија 2020 - дека никој не треба да загине или да биде сериозно повреден во новите автомобили на Volvo од 2020 година.

City Safety - Безбедност во град

City Safety помага во заштитата на луѓето кои се наоѓаат внатре во самото возило, како и оние кои се надвор од него, благодарение на способноста за предвидување на потенцијална несреќа и помош за нејзино одбегнување. Volvo беше првиот кој го претстави овој тип на систем како стандарден во сите нови  автомобили на  Volvo. City Safety користи технологија од радар и камера за да ги идентификува  другите возила, велосипеди, пешаци и поголеми животни, како на пример лос, елен или коњ, при денски и ноќни услови. Овој систем ве информира доколку предвиди неизбежен судир, и доколку не реагирате навремено може автоматски да ги вклучи сопирачките за да помогне во избегнување или ублажување на судирот. 
Ако разликата во брзината помеѓу вашиот автомобил и тој пред вас е до 50 км/ч, несреќата може да се одбегне од страна на системот доколку возачот не преземе никаква акција. Ако разликата во брзината е поголема, несреќата може да се ублажи. Во некои од нашите автомобили City Safety нуди и поддршка за управување со воланот, со што се помага при одбегнување на опасноста колку што може поефективно и побезбедно.

Активни и поврзани безбедносни системи

Нашиот пристап кон безбедноста е уникатен. Ние ги проучуваме автомобилските судири уште од 1970 година и имаме развиено голем број системи кои помагаат во ублажување на несреќите, го подобруваат вниманието на возачот, ги препознаваат ограничувањата на брзината и комуницираат директно со другите возила доколку има опасност на патот со помош на системот за предупредување за лизгање на патот и светлосните аларми за предупредување. 

Ние ја разбираме најчестата причина за автомобилските несреќи и развивме најразлични системи за да помогнеме во ублажување на повеќето потенцијални сценарија кои може да резултираат со судир или со ненамерно излегување од патот на самиот автомобил.

 

Заштитни безбедносни системи

Основата за нашиот пристап кон безбедноста е да помогнеме во избегнување или да ги ублажиме несреќите пред да се појават. Во случај на неизбежен судир ја имаме технологијата за да направиме вистинска разлика.

Безбедносен кафез

За да се задржи простор на патникот недопрен во случај на несреќа, нашите автомобили се цврсто дизајнирани во секоја смисла. Целиот безбедносен кафез околу патниците е направен од топло формиран челик со висока цврстина и е дизајниран за максимална заштита на патниците при секаков вид несреќа. 

Воздушни перничиња

Автомобилите на Volvo содржат низа воздушни перничиња кои работат заедно со сигурносните појаси. Тие се дизајнирани да помогнат во заштита на патниците во случај на несреќа. Вклучуваат воздушно перниче за возачот кое се наоѓа во воланот, воздушно перниче за совозачот кое се наоѓа на контролната табла, воздушни перничиња за колена, странични воздушни перничиња, воведени од Volvo во 1994 година.

Седишта

Нашите моментални седишта се направени од различни челични материјали за да се обезбеди сигурност и удобност. Функционалноста за апсорбирање на енергијата помеѓу седиштето и рамката на седиштата помага да се намалат повредите на 'рбетот. Седиштата механички се деформираат за да ги ублажат вертикалните сили кои може да се појават кога автомобилот се соочува со слетување поради удар. Ова е интегрален дел од функцијата за заштита при излетување од патот.

Безбедносни појаси

Дали знаевте дека безбедносниот појас со три точки беше за првпат пуштен во производство од страна на Volvo Cars? Тој беше дизајниран од инженерот на Volvo, Нилс Болин во 1959 година, неколку години пред да стане достапен во повеќето автомобили. Volvo, исто така, беше првенец на сигурносните ремени на задното седиште и безбедносниот ремен со три точки на средина на задните седишта. Задните безбедносни ремени се од витално значење за патниците кои ги користат, но исто така и за патниците напред. Безбедносниот појас со три точки е еден од најважните пронајдоци за човештвото и е најважната заштитна сигурносна функција во автомобилот.
Прочитајте за безбедноста

Заштита при излетување од патот

Оваа функционалност го користи сензорот од предниот дел на возилото за да детектира ситуација во која возилото излетува од патот. Кога ќе детектира таква ситуација, предните безбедносни појаси се затегнуваат за да ги задржат патниците во безбедна позиција.