IntelliSafe Surround

Технологија која Ве заштитува

Клучот до целосна активираност за време на опасна ситуација

360° безбедност

IntelliSafe Surround е составен од голем број високо технолошки карактеристики кои се дизајнирани да Ви помогнат додека возите. Со обезбедување на помош при управување и поддршка за сопирачките кога најмногу Ви е потребно, овој пакет безбедносни карактеристики нуди сигурност и спокој.

BLIS (Blind Spot Information - Информации за слепи точки) со помош при управување

BLIS Ви помага да ја промените лентата безбедно и самоуверено, особено кога возите по автопат, со што имате попрецизен преглед на другите учесници во сообраќајот околу вас. Оваа иновација користи радарски сензори за откривање на возила што се приближуваат одзади, во десната или левата лента, а потоа Ве предупредува за нивното присуство.

Кога BLIS детектира возило што се приближува одзади во левата или десната лента, светлото во ретровизорот од истата страна како што се приближува возилото свети за да ве предупреди и останува запалено додека возилото не излезе од слепа точка. Ако укажете на промена на лента кон лентата на возилото кое се приближува, светлото трепка. Оваа технологија помага за информирање во критичен момент и може да помогне да се избегнат судири при претекнување на возила. BLIS моментално, доаѓа заедно со системот за помош при управување, обезбедувајќи помош кога Ви е потребно.

Cross Traffic предупредување со автоматско сопирање

Cross Traffic предупредувањето Ви дава поголема свесност за потенцијалните корисници на патот зад вас во вистинскиот момент кога возите во рикверц од паркинг просторот. Овој систем може да открие велосипедисти, пешаци и возила, помагајќи Ви да маневрирате безбедно - дури и кога видот на задниот дел од автомобилот е ограничен. Радарските единици во задниот браник на автомобилот скенираат до 30 метри лево и десно од задната страна на автомобилот, во случај на приближување на возилата што најверојатно ќе поминат зад вас. Велосипедистите и пешаците се забележуваат на пократки растојанија. Возачот се предупредува со предупредувачки звук од левиот или од десниот звучник за да одговара на локацијата на опасноста и визуелно предупредување на централниот екран.

Системот Cross Traffic Alert не само што го прави излегувањето од паркинг местото во рикверц полесно и побезбедно, исто така помага во подобрување на безбедноста на другите учесници во сообраќајот, како што се велосипедистите и пешаците.
 

Предупредување за судир од позади

Судирот во кој возилото е удрено во задниот дел е еден од најчестите видови на судир. За да Ви помогнеме во избегнување на овој вид на судир, ние го создадовме системот за предупредување при судир од позади кој е базиран на радар.

Ако постои возило кое се приближува од задната страна и системот процени дека постои ризик од судир, системот го алармира возачот во возилото кое се приближува со вклучување на сите шмигавци на највисоко и најбрзо ниво на трепкање. Доколку судирот не може да се избегне, системот за предупредување за судир од позади ги затегнува предните безбедносни појаси непосредно пред ударот. За да помогне во ублажување на судирот, веднаш по ударот системот ги активира и сопирачките доколку возилото е во мирување.
 

Нашите безбедносни појаси размислуваат однапред

Нашите безбедносни појаси се дизајнирани да понудат електрични реверзибилни повлекувачи за да им помогнат на патниците на предните седишта однапред да бидат цврсто позиционирани пред потенцијални несреќи. Оваа опционална функција работи при голема сила на влечење над рамото на патникот и дополнително се зајакнува, доколку е потребно, со употреба на пиротехнички затегнувач на појасите. Ако се избегне несреќата, тензијата на појасот се ослободува автоматски.