Системи за помош на возачот

Нашите системи за помош на возачот ви даваат удобност и контрола да управувате со самодоверба каде и да одите. Истражете некои од достапните системи.

Избегнување судир

Интелигентната технологија за помош на возачот може да открие и да ви помогне да избегнете судир со други возила, пешаци и велосипедисти - во секое време, ден или ноќ. Системите ве поддржуваат со звучни и видливи сигнали кога е потребно. И, ако судирот е неминовен или ако треба да влезете во патеката на друго возило што доаѓа на раскрсницата, автомобилот може автоматски да закочи. *

Помош за задржување во лента

Помошта за задржување во лента додава безбедност при возењето по автопат. Ако сакате да преминете во друга лента без да го користите индикаторот, системот нежно ќе го насочи вашиот автомобил назад во лентата каде се движите. Ако оваа интервенција на управувањето не е доволна или продолжите преку обележувањата на лентата, ќе бидете предупредени со вибрации во воланот. Имате непречена поддршка со постојано следење на вашата позиција на патот и помош за одржување во лента при брзини над 65 km/h. ***

Run-off road систем

Run-off road системот спречува да го напуштите патот Ако залутате по обележувањето на надворешната лента, истиот ќе ви помогне да го насочите автомобилот назад на патот. Доколку е потребно, оваа иновација за безбедност на Volvo исто така може да ги активира сопирачките за да ви помогне да останете на патот. Run-off road функционира при брзини помеѓу 65 и 140 km/h

Предупредување за сообраќај со автоматско сопирање

Системот Driver assist со предупредување за вкрстен сообраќај го покрива задниот дел при враќање наназад од паркинг простор, со предупредувања за приближување до возила и автоматско сопирање за неминовен судир. **

Информативен систем за мртов агол (BLIS)

Информативниот систем за мртов агол (BLIS) со помош на управување може да го олесни напнатоста во зафатен сообраќај со сигнали и активна поддршка, водејќи ги вас и вашите најблиски назад на вистинскиот пат. Кога возило влегува во вашиот мртов агол или брзо се приближува до вашиот автомобил, BLIS може да ве предупреди преку светлечки знак позициониран во ретровизорот. ***

Surround view камера

Четири камери со висока резолуција ви даваат преглед на паркирањето со 360° поглед од птичја перспектива, за да можете со доверба да се паркирате во било кој простор.

Поврзана безбедност

Безжичната комуникациј ви овозможува да примате и споделувате информации за состојбата на патот. Податоците во реално време ви помагаат да се подготвите за она што претстои преку симбол на екранот на возачот или на изборниот главен приказ. Исто така, ќе бидете предупредени ако друго поврзано возило на патот пред вас открие лизгави услови. ***

Наведените карактеристики може да не бидат стандардни или достапни за сите стилови и опции на моторот.

* Возилата, пешаците и велосипедистите кои се движат во иста насока на автомобилот може да се детектираат под одредени брзини и во одредени услови; возачот останува одговорен за безбедно возење во секое време.

** Функциите за поддршка на возачот не се замена за вниманието и проценката на возачот. Предупредувањето за вкрстен сообраќај може да има ограничена функционалност во одредени ситуации. Интервенцијата на сопирачката е активна само при помала брзина.

*** Возачот има можност да ги деактивира помагалата за одржување лента, BLIS и Connected safety. Потоа овие системи мора да се активираат за да ја повратат нивната функционалност.