Доживејте ги Volvo автомобилите

Во Volvo има повеќе отколку автомобили. Доживејте ги нашето минато, сегашност и иднина.

Надворешност на Volvo Car Sörred.

Volvo Car Sörred

Volvo Car Sörred е почетната точка на вашето доживување на Volvo Cars во Торсланда. Пријавете се за вашата турнеја во фабриката или на нашата турнеја за доживување на брендот, на нашата рецепција на лево кога влегувате преку главниот влез. Volvo Car Sörred исто така ви ја нуди можноста да гледате, пробно да возите, и да купувате и нови,и половни Volvo автомобили.

Локација
Huggåsvägen 5, 405 31 Göteborg

Паркинг
Користете ги паркинзите означени како „Kundparkering“

Јавен превоз
Најблиска автобуска станица: Volvo City или Sörredsmotet

Посетители што одат на турнејата низ фабриката на Volvo во Торсланда во Гетеборг.

Турнеја низ фабриката

Турнејата низ фабриката во Торсланда го поминува целокупниот производствен процес на Volvo автомобилите, од ролните со метални плочи до завршени автомобили. Ќе можете да истражите како луѓето и роботите работат рака под рака, за да ги произведат нашите автомобили.

Луѓе што истражуваат C40 во центарот за доживување на брендот.

Турнеја за доживување на брендот

На нашата турнеја за доживување на брендот можете да почувствувате што е тоа што секој автомобил Volvo го прави вистински Volvo. Водичот ќе зборува за тоа што претставува Volvo како бренд, главно фокусирајќи се на дизајнот, одржливоста и безбедноста. Испратете го вашето барање за посета.

Volvo Amazon изложен во музејот на Volvo.

Музејот на Volvo

Музејот на Volvo ќе ви ги покаже првиот автомобил што сме го произвеле во 1927 година, преку концептни автомобили, историските автомобили за рели трки, и неколку изненадувања. Дали ги спомнавме авионите-ловци?

Земете ги предвид! Погрижете се да го посетите музејот на Volvo во текот на 2023 година, бидејќи до крајот на годината ќе биде затворен.

Локација
Arendals Skans, 405 08 Göteborg

Паркинг
Достапен е паркинг

Јавен превоз
Најблиска автобуска станица: Arendal Skans

Надворешноста на светот на Volvo.

Светот на Volvo

На нашето ново место за средба во Гетеборг, Шведска. Ние не само што нудиме инспирација и мотивација со возбудливи изложби, разговори, перформанси и лабаратории за соработки, туку и храна и забава.

Светот на Volvo се отвора во 2024 година.

Локација
Lyckholms Torg 1, 412 63 Göteborg